Токму вакви ги сакаме крофните!

Фото: Љиљана Марјановиќ

Потребни состојки:

2 жолчки
60 г маст
60 г шеќер
1 лажичка сол
40-50 г квасец
500 мл млеко
950 г брашно

Постапка:

Во топло млеко ставете го издробениот квасец. Додадете малку шеќер и брашно, па оставете 10-тина минути да се активира.

Измешајте маст, жолчки, сол и шеќер. Додадете го млекото со активираниот квасец и со брашното замесете тесто. Покријте го со крпа и оставете го 30-60 минути да стасува.

Стасаното тесто со оклагија развлечете го на 6-7 мм дебелина. Со чаша или модла вадете кругови. Оставете ги 10-тина минути крофните да надојдат. По тоа време, секоја крофна со оклагија уште малку развлечете ја, но без многу да го притискате тестото.

Оставете уште 5 минути, па пржете во длабоко загреано масло. Пржените крофни вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Валкајте ги во шеќер во прав и уживајте во нив.

Напомена: шеќерот го мелам сама, а додавам и ванила.

Фото: Љиљана Марјановиќ