Денеска подготвив рецепт за меки крофни како лепчиња за појадок. Малку се разликува од вообичаениот рецепт за крофни или лепчиња што го правиме, но е исто толку се вкусни. Верувајте, досега не сте пробале толку мали и вкусни лепчиња.

Не се пржат или печат во рерна, туку се печат во тава без длабоко масло. Можете да ги јадете во слатка варијанта со крем или пак, во солена и да правите различни сендвичи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша топло млеко (200 мл)
половина чаша топла вода (100 мл)
1 лажица сув квасец (10 г)
2 супени лажици шеќер (40 г)
1 чаша брашно (120 г)
1 јајце на собна температура
половина чајна чаша масло (45 мл).
4 чаши брашно (480 г)
1 лажичка сол (8 г)

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте ги млекото, водата, квасецот, шеќерот и 120 г брашно. Добро изматете за да нема грутчиња од брашното. Поклопете го садот и оставете на топло да ферментира 15 минути.

Потоа додајте едно јајце, 45 мл масло, брашно и сол. На почетокот мешајте со лажица, а кога ќе се формира компактно тесто, замесете со рака 3-4 минути. Треба да биде средно меко и да се одвојува од ѕидовите на садот.

Покријте го садот и оставете го тестото да ферментира 30 минути на топло додека убаво да го удвои волуменот. Истресете го на малку набрашнета работна површина и премесете го 1 минута.

Потоа обликувајте топка и со помош на оклагија развлечете го во кора со дебелина од 7 мм. Со модла или чаша вадете кругови и редете ги врз чиста кујнска крпа.

Остатокот од тестото соверете го, соединете го и повторно развлечете го во кора. Вадете кругови додека сето тесто да го потрошите.

Крофните веднаш покривајте ги со друга крпа за да не се сушат. Оставете ги да одморат 10 минути. За тоа време загрејте нелеплива тава на средно умерена температура.

Наредете ги крофничките и печете ги од сите страни (горна, долна, но и од страните). Кога убаво ќе заруменат од сите страни, извадете ги настрана и оставете малку да подизладат.

Потоа можете да ги сечете на половина и да ги мачкате со лешников крем, намаз по ваш избор или да правите сендвичи. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.