Home Рецепти КРОАСАНИ: На око убави, за душа уште поубави, човек со очи ги...

КРОАСАНИ: На око убави, за душа уште поубави, човек со очи ги јаде, а за вкусот – мора да ги пробате!

Фото и рецепт: Родна Трпеска

Потребни состојки:

300 мл врело млеко
200 мл кисело млеко
1 квасец
2 лажички шеќер
1 лажица сол
2 жолчки
1 јајце
2 филџани за кафе масло
брашно по потреба
маргарин

Постапка:

Во 300 мл врело млеко се додава 200 мл кисело млеко и се меша додека да засири. Кога е млако се додава квасецот со две лажички шеќер и малку брашно. Се промешува да се изедначи смесата, па се остава на топло да се активира и запени.

Потоа се додава една лажица сол, две жолчки, едно цело јајце, две мали шолјички за кафе масло и брашно по потреба.

Брашното се додава постепено. Додека може се мати со маталка, а потоа се меси со рака за да се добие средно меко тесто кое не лепи на раце.

Тестото откако ќе се измеси убаво се дели на 4 топки. Секоја топка се развлекува во голема кора врз кора се ренда замрзнат маргарин. Кората се сече на 16 делови кои се редат еден врз друг и повторно се формира топка. Топката се става во кеса, па се остава во фрижидер да отстои половина час. Истата постапка се повторува за сите четири топки.

<

Од секоја топка повторно се развлекува голема кора која се сече на 16 триаголници. Се виткаат кифли и се редат во плех обложен со хартија. Се оставаат да стасуваат додека да се удвојат, па се премачкуваат со белка и се наросуваат со сусам. Се печат во загреана рерна на 180-200 степени додека да заруменат (според вашата рерна).

Фото и рецепт: Родна Трпеска