Доколку немате време да правите некои од посложените колачи или торти, а ви се најавиле гости, испробајте го овој рецепт за едноставна торта која не бара многу работа. Одлично се комбинира со кафе и кај мене секогаш дава „преодна“ оцена кога сум во брзање.




На моите дечиња им е омилена, особено затоа што целата е во крем, а и сосетката вчера ми се јави да ме праша за рецепт бидејќи и се јавила јатрвата дека и доаѓа на гости, па сакала да спреми нешто убаво. Еве кои состојки би се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 мл неутрална павлака за матење, 3 големи лажици карамел, млеко по потреба за натопување, пишкоти. И уште ќе ви биде потребно: карамел за декорација и мелени ореви.




ПОСТАПКА: Измерете 300 мл неутрална павлака и изматете ја цврсто со миксер. Павлаката треба да добие конзистентност на цврст шам, што е потребно околу 8-10 минути непрекинато матење со миксерот.




Во неа додајте ја пастата од карамел, која може да ја подготвите или да ја купите во добро снабдените продавници или супермаркети. Важно е пастата да биде густа, така што, ако ја подготвувате вие, потребно е карамелот да го ,,варите” малку подолго за да ја добие посакуваната густина.




Кога ќе го додадете карамелот, продолжете со матење додека смесата да стане еднолична, како за премачкување. Во правоаголен тенок калап, обложете проѕирна фолија и премачкајте на дното во дебел слој од кремот кој го подготвивте.




Настрана подгответе си неколку пишкоти (не знам точно колку) и натопувајте ги во млекото, па редете ги врз кремот. Редењето на тортата оди на следниот начин: крем, еден ред пишкоти, крем, еден ред пишкоти, крем, последен ред пишкоти и тенок слој од последниот крем.




Тортата завиткајте ја во проѕирна фолија и ставете ја во фрижидер да се стегне најмалку 2 часа. По изминатото време, превртете го калапот на една поголема чинија и отстранете ја фолијата. Тортата може да ја декорирате со излеана карамела и мелени или цели ореви.




Во овој рецепт, не беше искористен целиот крем. така што количината на павлаката може да ја намалите, отприлика за 100 г или поедноставно, тортата да ја подготвувате во поголем калап. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.