KРЕМАСТА ПОСНА ТОРТА БЕЗ МЛЕКО И ЈАЈЦА – Многуте слоеви ме изненадија, а за вкусот немам зборови

Оваа посна торта не ја правам само во посните денови, омилена ни е дома и кога не се пости. Повторно ќе ја правам за Бадник и Божиќ. Подолу ќе ви ја претставам посната верзија, а по желба некои од состојките како бадемово млеко, вода и маргарин може да ги замените со полномасно млеко и путер, ако ја сакате масна. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТОТ: 250 г мелени бисквити, 100 г мелени печени лешници, 100 г растопен маргарин, 100 г шеќер во прав, 200 мл сок од портокал, млеко од соја или бадем, кока-кола или чај. ЗА КРЕМОВИТЕ: 1 литар млеко од соја/бадем, 160 г пудинг со вкус на ванила, 6 лажици шеќер, 200 мл вода, 150 гр маргарин.




И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 100 г шеќер во прав, 55 г или една кесичка шлаг, 50 – 60 мл газирана или обична ладна вода, 200 г бело чоколадо, 100 г темно чоколадо, 150 г бисквити на парче. Декорацијата останува по ваш избор. ПОСТАПКА: Најпрво се подготвува филот, а потоа кората, бидејќи треба да се олади.




Во тенџере ставете го млекото од соја или бадем и ставете го на оган да зоврие, на средна температура. Во посебен сад измешајте ги пудингот, шеќерот и водата. Кога млекото ќе биде пред зовривање, ставете ја смесата со пудинг во него и варете со повремено мешање, додека да ја добие потребната густина.




Кога пудингот ќе згусне се трга од оган, се покрива со фолија и се остава да се излади. ПОСТАПКА ЗА БИСКВИТОТ: Изблендирајте ги бисквитите или 250 г плазма измешајте со печените и мелени лешници, шеќерот во прав, стопениот маргарин и сокот од портокал и измешајте сè додека целосно смесата да се соедини и да добие конзистентност како влажен песок.




На една рамна чинија ставете флексибилен обрач за торти. Мојот беше со пречник од 26 см, па излејте ја целата бисквитна маса и добро израмнете. Ставете го бисквитот да се стегне во фрижидер, околу 30-тина минути, додека ги подготвувате филовите. Растопете го темното и белото чоколадо кога ќе се олади пудингот, во помали, посебни садови.

Изматете го пенестиот маргарин и шеќерот во прав со миксер. Изладениот пудинг исто така се мати, па постепено се додава маргаринот и шеќерот и сѐ заедно се мати, до соединување. Посебно изматете го шлагот со вода и потоа додајте го во кремот и соединете со шпатула, со постепено додавање.




Јас користам посен шлаг од 55 грама. Според упатството на кесичката пишува да се измати со 100 мл газирана или обична вода, но јас никогаш не ставам толку, односно ја намалувам количината на 50 – 60 мл. Кремот поделете го на два еднакви делови, на едниот додајте бело, а на другиот темно чоколадо и соединете го секој посебно.




Врз оладениот бисквит нанесете го саканиот фил (јас обично одоздола го ставам белиот крем). Одозгора наредете ред бисквити. Нема потреба да ги натопувате во млеко или сок, ќе се пуштат од кремовите и ќе омекнат после отстојување на тортата,  но доколку сте во брзање и тортата ќе ја послужувате веднаш, тогаш натопете ги во млако млеко или сок.




Одозгора нанесете го вториот крем и фино распоредете додека да се измазни. Ставете ја тортата во фрижидер, добро да се стегне, така е највкусна, а потоа декорирајте по желба. Јас обично ја декорирам со шлаг и наросувам со мелени ореви. Послужете ја со сечење на триаголници, со големина по ваша желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаКИФЛИ ШКОЛКИ: Помеки и повкусни не сум јадела, долго го барав овој рецепт
Следна статијаЈА СТОПИРА КАШЛИЦАТА: Го чисти црниот дроб, помага кај бронхитис и отстранување на спутумот