Колачот е многу е вкусен, можете во било кое време да го приготвите, постапката е брза и лесна.
Потребни состојки:
2 кесички посен шлаг,
250 мл сок од јаболко или некој друг сок,
50 г кикирики исечкани крупно,
30 г ореви исечкани крупно,
30 г лешници исечкани крупно,
150 посни биксвити по желба (со чоколадо),
5-6 петит кекси, малку сок за натопување на петит бисквитите,
2 лажици шеќер и
глазура по желба
Постапка: прашокот за шлаг измешајте го две лажици шеќер и 250 мл сок од јаболка, па изматете го со миксер (малку подолго).

Во шлагот додајте сечкани лешници, ореви и кикирики. Промешајте за да се изедначи смесата.

Посните бисквити искршете ги крупно и додајте ги во смесата со шлагот. Промешајте и по потреба додадете уште бисквити.

Во мал калап обложен со проѕирна фолија рамномерно распоредете ја смесата и израмнете.

Одозгора наредете петит бисквити претходно натопени во малку сок. Затворете со фолијата и ставете во замрзнувач да отстои два часа или во обичен фрижидер преку цела ноќ за убаво да омекнат бисквитите.

Потоа извадете го, превртете го врз тацна за послужување и прелијте го со чоколадна глазура по желба.

(Глазура: 50 г чоколадо со 1 лажица масло растопено на пареа).
Деталите погледнете ги во видеото:











