Ова е превкусен пудинг колач со какао кори и ореви, а помеѓу има два фила од какао петит бисквити кои ја дополнуваат комбинацијата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРИ: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 150 г мелени ореви, 1 полна лажица какао, 5 лажици брашно, 3 лажици масло, 3 лажици ладна вода, 5 г прашок за печиво (а може да се стави и цела кесичка).




ЗА КРЕМ 1 И 2: 1 литар млеко, 3 пудинзи од ванила, 5 лажици кристален шеќер, 150 г чоколадо (какво сакате), 200 г маргарин / путер, 100 г шеќер во прав, 200 мл слатка павлака, 80 г петит бисквити, млеко за натопување на бисквитите.




ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Пенасто изматете ги белките, па постепено додавајте шеќер со постојано матење за да се растопи. Кога ќе добиете цврст снег, додавајте ги жолчките, па водата и на крајот маслото, за сето време матејќи со миксерот.




На крај додајте ореви, брашно, какао и прашок за печиво, па сето соединете го во смеса без грутчиња. Смесата излејте ја во обложен плех со хартија (30х20 см) и ставете да се пече. Кога ќе ставите да се пече температурата намалете ја на 180 степени.




Кората печете ја околу 20-25 минути. Допрете ја со дланката полека, нежно, кората треба да е мека, но не премека, да не пропаѓаат прстите внатре. Значи прво допрете со дланка, па тестирајте со чепкалка.




Пудингот разматете го со шеќер, па додајте малку ладно млеко, а остатокот ставете го на оган да зоврие, а потоа сварете го пудингот со постојано мешање додека да згусне. Тргнете од оган, па половина од пудингот излејте во друг сад во кој ќе искршите чоколадо и ќе мешате додека да се растопи.




И двата пудинзи прекријте ги со проѕирна фолија за да не фатат коричка и оставете да изладат. Изматете пенасто путер претходно оставен на собна температура, заедно со шеќер во прав. Поделете го на половина, па едниот дел спојте го со едниот пудинг, вториот дел со чоколадниот.




Изматете ја и слатката павлака, па во секој дел додајте по 2 супени полни лажици и повторно изматете. Изладената кора пресечете ја хоризонтално, така да добиете две тенки кори (ако не сакате вака да ја сечете, тогаш печете во големиот плех од рерна, па тогаш само на половина пресечете).




Редење: кора, еден цел фил, бисквити натопени во млеко, па вториот цел фил и на крај втората кора. Одозгора се премачкува со шлагот и се остава во фрижидер да излади.

(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 110 г шеќер, 5 лажици какао, 100 г брашно, 1 прашок за печиво, 150 мл млеко, 150 мл масло. ПУДИНГ КРЕМ ОД ВАНИЛА: 850 мл млеко, 2 пудинзи со вкус на ванила, 90 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 125 г путер.

ПУДИНГ КРЕМ ОД ЧОКОЛАДО: 850 мл млеко, 2 пудинзи со вкус на чоколадо, 80 г шеќер, 100 г млечно чоколадо. ПОСТАПКА: На белките додајте им прстофат сол и измиксајте ги во цврст снег. Жолчките пенасто измиксајте ги со шеќер. Додајте какао, кратко измиксајте, па додајте млеко и масло.

Потоа додајте брашно и прашок за печиво, па лесно промешајте. На крајот со лажица спојте со снегот од белки и внимавајте смесата да остане воздушеста. Смесата излијте ја во намастен и побрашнет калап за печење (25х35см) и печете 15-20 минути на температура од 180 °C. Со чепкалка проверете дали тестото е печено.




Крем од ванила: сварете ги пудинзите според упатството заедно со шеќерот. Тргнете од оган, па додајте путер исечкан на коцки и мешајте додека да се растопи и спои со пудингот. Топлиот крем излејте го преку бисквитот.

Крем од чоколадо: пригответе исто како и ванилата, само наместо путер додадете чоколадо искршено на коцки. Чоколадниот крем излејте го преку кремот од ванила. Колачот пред послужување изладете го прво на собна температура, а потоа и во фрижидер.