Тортата навистина е кралица, многу е вкусна и секогаш цела се изедува. Настаната е од комбинација на најдобрите торти и се прави на наједноставниот можен начин.

Потребни состојки за кафеава кора: 5 белки, 5 лажици шеќер, 1 пудинг од чоколадо. За жолта кора: 5 белки, 5 лажици шеќер, 1 пудинг од ванила. За бела кора: 5 белки, 5 лажици шеќер, 3 лажици густин

За фил: 15 жолчки, 10 лажици шеќер, 10 лажици брашно (полни), 1 литар млеко, 1,5 путер/маргарин, 400 г несквик и 300 г шлаг крем

Постапка: Кафеава кора: изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па постепено додадете го правот од пудингот, па испечете ја кората (на намастен и набрашнет среден плех 25х30 или тркалезен калап за торти, или обложен со хартија, на 180 степени, околу 15 минути).

За жолта кора: исто како за кафеавата кора, изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па внимателно промешајте го правот од пудингот и испечете.

За белата кора: изматете ги белките со шеќерот во цврст снег па внимателно додадете го густинот да остане воздушеста смесата, па испечете.

За фил: 15 жолчки изматете ги со 10 лажици шеќер, па додадете 10 лажици брашно и 200 мл млеко. Сето тоа сварете го во 800 мл млеко. Додека е врело додадете 200 г несквик, а кога ќе излади убаво додадете пенасто изматен путер, заедно убаво измиксајте ги, па додадете уште 200 г несквик.

Посебно изматете 300 г шлаг со 300 мл млеко. Редење: бела кора, фил, шлаг, жолта кора, фил, шлаг, кафеава кора, фил, шлаг. Напомена: ако се препече кората таа се собира. Знак дека е готова – кога ќе започне да се одвојува од ѕидот!

coolinarika.com