Оваа салата има едноставна подготовка, а совршен вкус. Измешајте компири, јајца и лосос, а преку сè одозгора прелијте со мајонез и сенф. Добро познатите класици како што се мимозата и руската салата секогаш се добредојдени на секоја празнична трпеза.
Сега понудете им на гостите нешто ново, салата со компири, јајца и лосос. Многу лесно се приготвува и брзо, ќе ви одземе само пет минути, а потоа само ќе ви преостане да ја оставите во фрижидер да се олади.
Декорирајте ја по желба, со маслинки, со магдонос…Како што вие си ја замислувате. Оваа салата прва ќе се изеде на вашата славска трпеза.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 компири, 4+2 јајца, 150 г чаден лосос, 200 г мајонез, 1 кафена лажичка сенф, сол, маслинки, магдонос
ПОСТАПКА: Сварете ги компирите, а во посебен сад јајцата. Излупете четири големи компири, па врз даска исечкајте ги на коцкички, колку што можете поситно. Потоа излупете четири сварени јајца, па и нив исто така, ситно исечкајте ги.
Компирите и сечканите јајца ставете ги во еден поголем сад во кој ќе можете да ги помешате заедно со лососот. Додајте 200 г мајонез, малку сенф и посолете по вкус. Добро промешајте додека да се изедначат рамномерно состојките.
Најдобро е да мешате со шпатула, црпнувајќи од долу кон горе, превртувајќи ја смесата. Врз десертна чинија поставете калап со димензии 22х22 см или каков имате (може и калап за торти со флексибилен обрач), па пренесете ја целата смеса пополнувајќи ги убаво сите празнини.
Одозгора изрендајте две варени јајца и декорирајте со маслинки роловани во тенки парчиња димен лосос. На крај декорацијата завршете ја со ситно сечкан свеж магдонос.
Салатата оставете ја во фрижидер да се излади најмалку два часа пред сервирање. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видео презентацијата на Дани – ОВДЕ. Во продолжени прочитајте рецепт за класична Мимоза салата:
Потребни состојки: 4 компири со средна величина, 400-500 г морков, 6-7 кисели краставички, 6 јајца, 1 главица виолетов кромид (може и црвен, праз или младо кромитче), 200 г кашкавал, 300 г салама по избор, 300 г мајонез, 100 г кисела павлака, 1 лажичка сол, малку црн пипер по вкус, ќитка магдонос (може и зелена салата).
Постапка: Компирот сварете неизлупен, па затоа претходно добро измијте го под силен млаз ладна вода. Морковот излупете го, па посебно сварете го. Внимавајте да не го преварите.
Јајцата е потребно трвдо да се сварат. Во посебен сад измешајте мајонез и кисела павлака, па посолете и зачинете со црн пипер по ваш вкус. Белките одвојте ги жолчките кога јајцата ќе бидат убаво сварени. Сите состојки освен кромидот треба да се изреднаат.
На дното од стаклен сад во кој ќе се сервира салатата, ставете исечкан лист или салата, па изреднајте го компирот. Врз компирот нанесете тенок слој од приготвениот премаз (мајонез и кисела павлака). Потоа изрендајте го морковот, па и врз него нанесете тенок слој од премазот. Следува рендана салама и тенок слој премаз.
После саламата следи рендан кашкавал и тенок слој премаз, па ситно сечкан кромид, премаз, рендани белки од јајца, премаз, кисели краставички, премаз. Најпосле завршете со рендани жолчки од ситната страна на рендето. Украсете по желба.