КРАЛИЦА НА БАКЛАВИТЕ: Дивит или бурма баклава е нешто што не се пропушта…најлесниот рецепт! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

450-500 грама тенки кори за баклава
450-600 грама сечкани ореви
150 грама шеќер
250 грама путер

За сируп (шербет):
1 литар вода
600-650 г шеќер
сок од еден лимон (4 тркалца лимон)

ПОСТАПКА:

За оваа баклава ќе ви треба многу тенко сyкало, со дебелина на молив. Може да послужат и дебели игли за плетење, тапанарски стапчиња или што и да имате нешто кое наликува на долго тенко cтапче.

Отворете го пакувањето со тенките кори и покријте со влажна (добро исцедена крпа) за да не се сушат при подготовката на баклавата.

За фил можете да користите само ореви или да ги помешате со лешници, бадеми…Сомелете ги и измешајте ги со шеќерот (по желба, не мора да додавате и шеќер).

Оревите е може да бидат и сечкани, но најдобро е да бидат поситни, за да не ги кршат корите при собирањето.

Растопете го путерот во помал сад и тргнете го настрана. За правење на „дивит“ баклава користев по две кори за виткање на едно ролатче. Но, може да користите и само една кора.

Кората поставете ја врз влажна крпа и премачкајте ја со путер, одозгора полека ставете ја втората кора (ако правите со по две кори), премачкајте ја и неа со путер и рамномерно посипете ги оревите врз целата површина.

Ставете го cyкалото на едниот крај од кората и полека свиткајте ја во ролат. Внимателно извадете го cyкалото, но така што ролатот ќе го збиете и ќе се собере во должина.

Редете во намастен плех. Повторете ја постапката и со другите кори додека да го потрошите материјалот. Исечете ја баклавата на парчиња и премачкјате ја одозгора со путерот.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени 40 минути додека баклавата убаво да зарумени. Може да печете на 200 степени 20 минути (да зарумени), па да намалите на 160-170 степени уште 35 минути.

Во секој случај, печењето прилагодете го според вашата рерна. За тоа време, подгответе го сирупот, измешајте шеќер со вода и загрејте, доведете до вриење и варете околу 10 минути. Во изладениот сируп додајте го сокот од еден лимон.

Готовата баклава изладете ја, па залијте ја со топлиот сируп и оставете ја да се излади. Можете и обратно, прво да го сварите сирупот и да оставите да се олади, па печената и топла баклава да ја залиете со ладен сируп.

Ако ја заливате топлата баклава со ладен сируп, кога ќе ја извадите од рерна оставете ја 5 минути, па најпрво прелијте ја со половина од сирупот, почекајте малку да се впие, а потоа истурете го и остатокот и оставете добро да се олади.

Дивит баклавата секогаш се прави со помали куси (баклави). Доколку сакате поголеми парчиња, тогаш можете да направите баклава со три кори и да ги исечете на поголеми парчиња. Постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.