КРАЛИЧИНИ ШТАНГЛИ…Орев штангли…Најпознатите славски колачи…Едноставни, а многу вкусни…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 белки
80 г шеќер
150 г путер на собна Т
80 г шеќер
80 г брашно
6 г ванилин шеќер
150 г мелени ореви
За жолт крем:
5 жолчки
100 г шеќер во прав
6 г ванилин шеќер
За фил:
150 г мелени ореви
50 мл врело млеко
100 г путер на собна Т
100 г шеќер во прав
ПОСТАПКА:
Белките се матат со шеќерот додека да се добие цврст снег. Во друг сад пенасто изматете го путерот со шеќерот. Додајте брашно и ванила и соединете. На крај додајте ги оревите. Изматете со миксер.
Постепено додајте го снегот од белки и изматете додека сето добро да се изедначи. Смесата сипете ја во обложен плех 30х20 см, израмнете и печете 30 минути во загреана рерна на 180 степени.
Неколку минути пред да се испече кората, пенасто изматете ги жолчките со шеќерот и ванилата. Преку печената кора сипете го кремот и рамномерно размачкајте. Вратете да се допече уште 15-20 минути, па оставете целосно да се олади.
Мелените ореви попарете ги со врело млеко и оставете да се олади. Путерот пенасто изматете го со шеќерот во прав, па соединете ги со оладените ореви.
Врз оладената кора сипете го филот од ореви и распоредете. Одозгора сипете мелени ореви. Оставете да се стегне. Постапката можете да ја погледнете ОВДЕ:
ОРЕВ ШТАНГЛИЧКИ: Уште се нарекуваат „колачиња-царски месец“ – колач полн со ореви и предобар вкус