Запишете си овој рецепт зошто ќе ви стане омилен. За кратко време направете вкусни коцки од 3 состојки, лесно и едноставно, секој може да ги направи, не одземаат ни време, ниту се валкаат многу садови. Повеќе не купувам слатки, ова ми е омилениот десерт. Многу убаво се комбинира со чај, а верувам ќе ви се допадне и вам.




Според изгледот потсетува на млечна карамела на која сте и додаделе кикирики“, вели Александар, кој на неговиот канал постојано објавува лесни, едноставни и брзи рецепти кои секој да може да ги направи. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт за кикирики-сникерс колач. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 300 г рикота сирење (урда) или младо сирење, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (опционално), 50 г путер, 100 г јаткасти плодови по ваш избор (исто опционално). Во овој рецепт се користат кикирики, а наместо путер може да користите маргарин.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 6 белки, 8 лажици шеќер, 150 г мелени кикирики, 3 лажици брашно, 2 лажици какао, ½ кесичка прашок за печиво, 5 г. За крем: 6 жолчки, 1 цело јајце, 2 лажици какао, 6 лажици шеќер, 3 лажици млеко, 125 г путер/маргарин, 100 г млечно чоколадо, било кое.




ПОСТАПКА: Колачот се подготвува во тавче, а потоа само се прелива во калап обложен со проѕирна фолија и се става во фрижидер да се стврдне. Во тавче ставете 300 г урда на тивко да се крчка додека го пушти својот сок.




Со повремено промешување, оставете да се готви сè додека целиот сок што се испуштил да испари. Потоа се додава шеќерот и со повремено мешање се готви сè додека да се добие кафеава-карамел смеса, односно додека да се карамелизира шеќерот.




Важно е да готвите на тивка температура, за да не ви загори шеќерот. Опционално, може да додадете 1 ќесичка ванилин шеќер. Кога ќе ја добиете кафеавата-карамел смеса, додајте 50 г путер и почекајте да се растопи.




Промешајте, па додајте 100 г јаткасти плодови по ваш избор. Во овој рецепт се користени кикирики кои одлично се вклопуваат со останатите состојки. Тргнете го тавчето од рингла и префрлете го во правоаголен калап обложен со проѕирна фолија.




Завиткајте ја прелиената смеса во фолијата и оставете да отстои во фрижидер некое време за да се стврдне. Потоа колачот се префрла во соодветен рамен сад, се вади фолијата и се сече на коцки. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Вториот рецепт можеби веќе ви е познат, но ако не сте го испробале, запишете си го и него:




ПОСТАПКА ЗА КОРИТЕ: Одвојте ги белките од жолчките, па изматете ги во цврст снег со постепено додавање на шеќерот. Матете додека тој убаво да се растопи. Потоа додајте брашно помешано со прашок за печиво, какао и мелени кикирики.

Промешјате внимателно со лажица, за да остане воздушесто. Смесата поделете ја на три делови, но и не мора, главно, од оваа смеса испечете три кори во загреана рерна на 170 степени, по 15 минути.

Јас ја испеков одеднаш на 180 степени, а потоа ја пресеков по должина и добив три тенки кори. Плехот е нешто помал од 25х20 см. Доколку имате нешто поголем плех, тогаш количината за кора зголемете ја за 2 јајца, а останатите состојки за по 1, кикириките може да останат 150 г а може да додадете и 200 г.

За крем: Во тенџере ставете ги жолчките и едно цело јајце, какао, шеќер и млеко. Сварете го кремот на пареа со постојано мешање 15-20 минути. Додајте чоколадо искршено на коцки и мешајте додека да се растопи. Оставете го кремот да излади, па соединете го со пенасто изматен путер.

Филот поделете го на 3 делови. Редете: кора-фил, трипати. Оставете преку ноќ за да можат корите да го впијат филот и да омекнат. Одозгора наросете крупно сечкани кикирики.