КОРЕЈСКИ ТОСТ – СО ЕДНО ЛЕПЧЕ И ДВЕ ЈАЈЦА: Направете го најубавиот појадок досега

Пржените лепчиња за многумина се омилениот појадок. Топли, вкусни, мирисни… Се приготвуваат многу брзо и не постои човек кој не сака да ги јаде. Некој ги сака топли со сирење и јогурт, а некои ги јадат со џем и чај… секој по свој вкус.




Но, овојпат ви ги претставуваме пржените лепчиња приготвени на корејски начин. Тие се толку многу сочни и вкусни, што веруваме дека откако еднаш ќе ги пробате, често ќе ги приготвувате на овој начин. Приготвени се во вид на тост.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: едно тост-парче леб, 2 јајца, малку сол по вкус, малку путер за пржење на тостот. За фил: лажичка џем од јагоди, едно тенко парче кашкавал. Секако, филот може да биде по вкус, па наместо џем да се стави крем сирење или можеби тенко парче сланина.




ПОСТАПКА: Земете една нелеплива тава (како онаа за палачинки на пример) и на многу тивок оган растопете една мала коцка путер. Путерот има ниска толеранција и на високи температури брзо согорува, па затоа секогаш растопувајте го на колку е можно пониска температура.




Пенасто изматете две јајца со виљушка и посолете. Излејте ги јајцата во загреаната тава со путер. Пржете на тивок оган.




Тенкото парче леб преполовете го, а истото сторете го и со тенкото парче кашкавал.




Ставете го едното парче леб во јајцата колку да се натопи, а веднаш потоа превртете го од другата страна. И натаму готвите на тивок оган.




Истото повторете го и со другото парче леб и поставете го до него. Потоа со помош на лопатка-шпатула, превртете ја „палачинката“ од леб и јајца.




Превртете ги вишокот краеви од омлетот врз лепчињата, така да добиете квадрат. На едната страна намачкајте џем/крем сирење/ајвар или нешто по ваш вкус, а од другата страна поставете го кашкавалот.




Затворете го тостот со помош на лопатката-шпатула и пржете го уште малку. Во тавата додајте уште сосем мало парче путер за да се запржи убаво тостот. Послужете го топол. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаЗА МАЗЕН ВРАТ-КАКО НА БЕБЕ: Домашна маска која ја обновува кожата
Следна статијаОДЛИЧЕН МЕТОД СО КОЈ НОЗЕТЕ ЌЕ ВИ ОСТАНАТ СУВИ И ПО НАЈГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Обувките никогаш нема да пропуштат вода