Кога јадете калинка не ја фрлајте кората, туку сочувајте ја. Можеби подоцна ќе ви бидат потребни нејзините корисни својства.
Посебно делотворно дејство е утврдено при третирање на дијареа и цревни паразити.
Кората од калинка содржи повеќе од 20% танин што и овозможува да биде ефикасен лек против проливи.
Исто така, содржи до 17% пепел и алкалоиди: пелетиерин, изопелетиерин, металпелетиерин и псеудопелетиерин.
Како да направите чај од кора од калинка?
Сувата кора од калинка иситнете ја на помали парчиња и складирајте ја на суво место.
За да направите чај земете 3 големи лажици иситнета кора од калинка и прелијте ја со 1 литар вода која врие, оставете да отстои 15 минути и потоа процедете.
Пијте по 2-3 шолји чај на ден, правилното распоредени во текот на денот. Дозирањето на чајот е многу важно и не смеете да претерувате, бидејќи може да делува токсично при поголеми дози.
Чајот од кора од калинка можете да го користите и за испирање на устата против афти, облоги на кожа против дерматитис итн.
Употреба на кората од калинките е корисна и специфична.
Ова е многу корисно растение и овошје кое овозможува употреба не само на плодот, туку и на неговата кора, кората и гранките од стеблото, па дури и коренот.
Се смета дека кората од стеблото на калинката е еден од најдобрите лекови против цревните паразити, а посебно против оние познати под името пантличари.
Со оглед на тоа што иако е корисна, а превисоките концентрации во организмот може да влијаат неповолно, препорачуваме да се консултирате со добро упатено стручно лице или лекар.