Како овошјето и зеленчукот, така и јајцата може да ги конзервирате и да ги чувате до 2 години. Сѐ што ви е потребно се домашни јајца (не се препорачуваат купечки јајца од продавница) и неколку тегли. Овој стар трик кој го користеле нашите предци е многу корисен и треба сите да го знаат, во случај на криза.

Пробајте го рецептот на Тања од истоимениот канал на јутјуб, каде што таа доби многу пофалби од целиот свет. Еве коj e советот од еден читател: „Моите родители го правеа ова кога бев дете. За жал, бришењето на валканите јајца не функционира и повторно се расипуваат, а кога јајцата се сварени, тие мирисаа и имаа вкус на измет.

Она што го научив е дека треба да се издвојат оние јајца што се валкани, а да се зачуваат само оние што се чисти“, е советот од читателот кој го пробал овој начин на конзервирање на јајцата. А еве што вели Тања која го сподели овој многу корисен начин на конзервирање.

„За овој начин на конзервирање е потребно да користите домашни јајца. Сосема е нормално јајцата да бидат на некои места валкани, така што земете си една четкичка и добро истријте ги за да се отстранат темните делови. Јајцата треба да бидат добро сочувани и да немаат поголеми дамки.

Подгответе си поголеми тегли. Внимателно спуштајте ги јајцата, додека да ги наполните сите тегли до горе. Јајцата може лесно да се скршат или да пукнат, па затоа, за полесно  спуштање користете лажица и навалувајте ја теглата под агол.

Друго што ви е потребно се 2 лажици вар (калциум хидроксид). Растворете го мекиот варовник во 700 мл вода. Варот ја дезинфицира теглата и спречува создавање на бактерии во внатрешноста. Варот се користи и во овоштарството и во обложување на дрвјата при заштита од штетници.

Излејте го растворот преку јајцата во теглите (оваа количина е наменета за една поголема тегла), така што варот ќе направи заштитен слој врз јајцата и ќе ги заштити од расипување. Затворете ја теглата со соодветниот капак и складирајте ја на ладно и темно место.

Истото направете го и со останатите тегли, во зависност од тоа колку јајца сакате да конзервирате. Јајцата треба да бидат чисти и такви да се ставаат во раствор од вар и вода за да се запечати лушпата и да се конзервираат 12-18 месеци.

Резултатот е совршено свежи, нерасипани јајца, исто како и на денот кога кокошката ги снела. После некое време ќе забележите дека се формирал заштитен бел слој околу јајцата. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.