I РЕЦЕПТ – Компир салата (посна) – вака ја правам веќе со години и никој не останал рамнодушен. Можете да додавате или одземате состојки/намирници по ваша желба и вкус, но испробајте го и овој начин, верувам дека ќе бидете задоволни од вкусот, совршен е. Салатата е одлична и за посни денови.
Потребни состојки за 4 лица: 1 кг компир, 100-150 мл маслиново масло, 1 лажица сенф, неколку лажици лимонов сок, 1 црвен кромид исечкан на коцки, 1 рака сечкан магдонос, 1 лажица сув зеленчуков зачин (вегета), сол и црн пипер по вкус
Постапка: Компирот излупете го и сварете го во солена вода. Додека компирот се вари, направете маринада од сите состојки (освен магдонос). Добро измешајте и оставете на страна додека компирот да биде готов.
Варениот компир исцедете го од водата и додека е топол исечете го на дебели коцки или тркалца. Исечениот компир не чекајте да излади, туку веднаш прелијте го со дресингот и добро измешајте. На крај наросете со магдонос. Оставете да излади или уште додека е млак послужете го.
II РЕЦЕПТ – Со години ја правам – највкусната компир салата со пилешко месо, без мајонез
Рецепт и видео прилог на “Шерпица Рецепти” – Компир салата. Ќе ви откријам една тајна за замена на мајонезот во салатите. Рецептот за вкусната компир салата не содржи ниту мајонез, ниту павлака, а сепак таа е кремаста и сочна. На овој начин ја приготвувам веќе со години.
Потребни состојки: 500 г пилешки гради (или приближно 1 парче), 1 кг компир, 200 г моркови. За замена за мајонез: 2 варени јајца, 100 мл масло, 1 лажичка сенф, може и повеќе, 1 лажичка лимонов сок (или оцет), малку сол по вкус
И уште: 3 средни кисели краставички, 1 главица кромид, 2 лажици оцет, 1 лажичка сол ли по вкус, малку црн пипер, 1 лажичка толчена лута пиперка (може и слатка)
Постапка: Во едно тенџере ставете да се варат компирите, морковите и пилешкото месо. На страна сварете две јајца. Варените јајца изладете ги, па со рачен плендер измиксајте ги со лажичка сенф. Во кремастата смеса постепено додавајте 100 мл масло.
Посолете и зачинете со лимонов сок или јаболкова киселина. На овој начин за 5 минути ќе добиете многу вкусен мајонез (200 г). Морковите и компирите исечете ги на тенки ленти. Ножот малку намастете го и многу полесно ќе го сечете компирот без да ви лепи.
Месото ситно исечкајте го, а кромидот и киселите краставички исечете ги на лентички или ситни коцкички. Зачинете со толчена сува пиперка, црн пипер и сол по вкус. Сите состојки измешајте ги во поголем сад и додадете две лажици оцет. Убаво промешајте за да се изедначат состојките.
Салатата е многу вкусна, но доколку салате да биде уште покремаста, додадете уште некоја лажица кисела павлака или мајонез по вкус. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.