Здраво, јас сум Ана од Германија и овојпат ќе ви го прикажам рецептот за здравите колачиња кои им се меѓу омилените на моите деца. Се приготвуваат од caмо три состојки, меѓу кои е кокосот. Доколку и вие сте љубители на кокосот, сигурно ќе ви се допаднат овие колачи.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Две излупени банани во количина од 200 г, 2 јајца, 120 г кокосово брашно. Ова се трите основни состојки за колачите кои одат во одлична комбинација со чоколадна глазура која ја приготвувам од 100 г растопено, темно чоколадо..




ПОСТАПКА: Излупете ги бананите и измерете ги, треба да бидат 200 грама, а тоа се приближно две големи банани. Искршете ги на помали парчиња, ставете ги во блендер и измиксајте ги додека да добиете пире..




Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките. Во белките додајте прстофат сол, па со помош на миксер пенасто изматете ги додека да добиете цврст снег.

Потоа додајте 120 г кокосово брашно и нежно промешајте со лажица или шпатула додека да добиете изедначена смеса. Кокосовото брашно додавајте го постепено за полесно да го промешате со белките.




На крај ќе добиете ровка смеса со конзистенција на влажен песок. На крај додајте ги измиксаните банани и убаво промешајте повторно додека и тие рамномерно да се соединат во смесата.

Потоа црпете од смесата и со помош на дланките формирајте топки/топчиња, во зависност од тоа со колкава големина сакате да бидат. Обликувајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.




Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени околуѕ 25 минути. Времетраењето на печењето регулирајте го според големината на колачите, па доколку се помали, веројатно ќе биде потребно помалку време.




Печените колачи извадете ги од рерна и оставете ги да се оладат пред да ги глазирате со чоколадото. За чоколадна глазура: едноставно искршете го чоколадото на коцки и ставете го во микробранова печка да се растопи (или на пареа, на тивок оган).




Потоа секое колаче потопете го неколку милиметри во глазурата, од страната на која „лежело“ врз плехот. Редете ги повторно врз хартија и оставете ги да се стврдне чоколадото. Подоцна отстранете го вишокот. Колачите се готови и можете да ги послужите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.