Потребни состојки:

100 г мелени ореви

80 г овесно брашно

50 г овесни снегулки

30 г суво грозје (суви сливи, суви смокви, урми)

4 јајца

2 белки

1 прашок за печиво

1 лажичка кокосово масло

1 лажичка стевија во прав (растителен шеќер, се купува од аптека или продавница за здрава храна)

Постапка:

Овесните снегулки сварете ги со 100 мл вода на тивок оган додека водата да испари.

6 белки измиксајте ги во снег.

4 жолчки пенесто измиксајте ги заедно со со стевијата.

Со лажица додадете ги и спојте ги сите состојки во компактна смеса, па распоредете ја рамномерно во калап, претходно обложен со хартија.

Рерната загрејте ја на 180 степени и печете го колачот 25 минути. Во колачот можете да додадете и урми, суви смокви, суви сливи…

Сувото овошје како додаток на колачот му дава дополнителна енергија, но и витамини и минерали.