Колачот е многу вкусен, се топи во уста, излегува многу а доста е евтин.

Потребни состојки (користете чаша од 200 мл за состојките): 1 јајце, 1 чаша шеќер, 1 чаша мелени ореви, 1 чаша млеко, 1 чаша брашно и ½ прашок за печиво.

За крем: 2 пудинг од ванила, 6 лажици шеќер, 600 мл млеко, 200 г путер и чоколадо

Постапка: Во еден сад прво изматете го јајцето и шеќерот, па потоа додајте ги и останатите состојки, па сето добро изедначете го.

Колач за секој ден

Плехот (средна величина) намастете го и излејте ја смесата. Печете 35 минути во загреана рерна на 180 степени.

Кремот пригответе го така што ќе го сварите пудингот во млекото со шеќерот. Оставете да се олади на собна температура, па додајте путер омекнат на собна температура и изматете за да се соединат.

Колач за секој ден

Откога убаво ќе го изматите кремот, нанесете го врз печената и изладена кора. Врз колачот изрендајте чоколадо и послужете добро изладено.

Колач за секој ден