Home посни колачи Колач за 100 ден! Без јајца и млеко…Чоколадна тортичка со џем, слатка...

Колач за 100 ден! Без јајца и млеко…Чоколадна тортичка со џем, слатка посна магија…

Колач за 100 ден! Без јајца и млеко…Чоколадна тортичка со џем, слатка посна магија…

Подгответе се за вистинско уживање во секој залак!

Овој сочен чоколаден колач со џем од кајсии и цимет е едноставен за подготовка, економичен, а комбинацијата на слатко и топло ќе ве освои уште од првиот момент, пишува НМД.

Совршен за сите љубители на вкусни колачи – пробајте го и ќе го правите постојано! Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 250 г брашно
– 1 лажичка цимет
– 1 лажичка сода бикарбона
– 60 г шеќер
– 3 лажици какао во прав
– 200 мл газирана вода
– 30 г масло
– 3 лажици џем од кајсии

За премачкување:

– 2-3 лажици џем од кајсии
– 100 г растопена темна чоколада
– НМД

Постапка:

Во длабок сад измешајте ги сувите состојки: брашното, циметот, содата бикарбона, шеќерот и какаото во прав. Додајте ги газираната вода, маслото и 3 лажици џем од кајсии.

Мешајте додека да добиете мазна смеса без грутчиња.

Истурете ја смесата во намастен или обложен плех со средна големина и печете во загреана рерна на 180°C околу 25-30 минути (проверете со чепкалка дали е готово).

Печениот колач премачкајте го со 2-3 лажици џем од кајсии, а кога ќе се олади, прелијте го со растопена темна чоколада.

Оставете да се стегне, исечете на парчиња и уживајте во оваа неодолива комбинација на вкусови!

Совет: За дополнителна магија, посипете малку цимет одозгора пред сервирање. Добар апетит! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: