Брзинскиот колач со вишни и кекси е одлично решение кога ви треба нешто слатко, но за многу кратко време. Кога немате многу време или ви дојдат ненадејни гости, направете го овој превкусен колач со овошје и кекси.




Во овој рецепт се користат вишни, но вие можете да користите какво сакате бобесто црвено овошје, како малини, јагоди, или боровинки и аронија, рибизли, мешано шумско овошје. Може да користите овошје по ваша желба, смрзнато или свежо.




Вкусно, лесно и брзо. Потребни ви се 8 состојки кои најверојатно веќе ги имате во кујна, а потоа само ги редите една преку друга, па колачот го ставате во фрижидер да се олади. Предност е што не се пече, па затоа и побрзо се приготвува, но и одлично и се летните горештини кога не сакате да ја вклучувате рерната.




Потребни состојки: 300 г кекси, 300 г мелени кекси, 400 мл јогурт, 300 г вишни, 50 мл вода, 10 г пченкарен скроб / густин / нишесте, 100 г шеќер, 150 г црно чоколадо. За декорација можете да изберете и нешто по ваш избор




Постапка: во еден подлабок сад крупно искршете 300 г кекси, па додајте 300 г мелени кекси, па прелијте ги со јогурт. Во зависност од блажината на кексите, кој сака може да додаде и шеќер во прав по вкус.




Добро измешајте ја смесата за да се впие јогуртот во кексите, па половина од неа рамномерно распоредете ја во калап за торти обложен со хартија за печење или проѕирна фолија (на дното и страните).




Во друг сад измешајте го пченкарниот скроб со вода, така да нема грутчиња. Во едно тенџере ставете ги вишните и загревајте додека да зовријат (а ако биле смрзнати, да се растопат). Потоа додајте ја мешавината од скроб и вода.




Гответе на умерена температура со непрекинато мешање додека да згусне. Добиената смеса од вишни поделете ја на два еднакви дела. Првата половина прелијте ја врз слојот од кекси и јогурт.




Распоредете еднакво и израмнете, па одозгора нанесете ја втората половина од смесата со кекси и јогурт, распоредете рамномерно и израмнете, па на крај завршете со преостанатиот слој од вишни.




Одозгора прелијте со чоколадна глазура, наросете сечкани и мелени лешници или ореви, или пак, нешто по ваш избор. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




11