Рецепт и видео презентација на Сара од Мои Домашни Рецепти – Колач со вкус на бајадера. За да го приготвите овој вкусен колач ќе ви бидат потребни следните состојки: 2 јајца, 150 г шеќер, 200 г карамели бонбони со вкус на лешник, 200 г путер, 300 г мелени бисквити.

За глазура ќе ви биде потребно: 150 г чоколадо, 50 г путер и 30 мл масло. Постапка: Во подлабок сад ставете скршете две јајца кои претходно отстојале на собна температура. Додадете 150 г шеќер и пенасто изматете ги со електричен миксер додека шеќерот да се растопи, а јајцата да згуснат и се добие светла кремаста структура.

Бидејќи колачот не се пече, за да не останат јајцата сурови, најдобро е да се зготват на пареа. Затоа, садот во кој ги измативте ставете го врз тенџере на оган во кое врие вода. Кога ќе се загреат јајцата во нив додадете ги карамелите –бонбони и мешајте да се растопат.

Гответе ја смесата на пареа со постојано мешање додека целосно да се растоапат бонбоните, околу 10-тина минути. Во топлиот крем додадете 200 г путер исечкан на коцкички. Повторно промешајте за да се растопи и соедини. Кога кремот ќе се свари тргнете го на страна и оставете го малку да се подизлади, неколку минути со повремено промешување.

Во кремот додадете ги мелените бисквити (300 г плазма) и промешајте за да се впијат и да се добие изедначена смеса. Вака приготвената карамел-плазма смеса излејте ја во калап со димензии 20х20 см, рамномерно распоредете и израмнете. Оставете да се олади и да се стегне, а по некое време ќе забележите дека смесата целосно ќе се измазни на површината.

За глазурата потребно е 50 г путер да го загреете во помал сад, на тивок оган. Додадете малку масло, околу 30 мл и искршено црно чоколадо за готвење. Колку чоколадото е поквалитетно, толку и глазурата ќе биде повкусна. Кога сите состојки ќе се растопат и соединат во сјајва глазура.

Излејте ја врз колачот и со протресување на калапот распоредете ја подеднакво врз целата површина. Бајадерата оставете ја еден час во фрижидер за убаво да се стегне. Потоа отстранете го обрачот и пресечете штангли или коцки со големина по ваша желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Бонус рецепт – Бајадера торта без печење со плазма, лешници и чоколадо. Рецепт и видео презентација на Бокина Кујна – Торта бајадера. Чоколадната плазма торта за многумина е омилената торта која се приготвува без печење на кори. Шпоретот се користи само за да се свари пудингот.

А, за сето друго се користи миксер за матење на три фантастични креми за филување. Тортата се приготвува во калап со пречник од 28 см обложен со проѕирна фолија на обрачот. Потребни состојки: 400 г мелена плазма, 100 мл сок од портокал, 1 ванилин шеќер, 100 г маргарин.

За прелив на кората: 100 г чоколадо, 30 мл млеко. За фил: 4 жолчки, 3 пудинзи од ванила (120 г), 13 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 1 литар млеко, 200 г чоколадо, 250 г путер/маргарин, 100 г мелена плазма, 100 г мелени печени лешници. За глазура: 200 мл слатка павлака и 200 г чоколадо.

Постапка: Во подлабок сад измешајте 400 г мелена плазма, ванилин шеќер, 100 мл сок од портокал и 100 г растопен и подизладен путер. Доколку смесата ви е сува, додадете уште малку сок за да добиете мазна, а сепак ровка смеса која ќе може лесно да се обликува како подлога на тортата.

Смесата убава натапкајте ја на дното од обрачот врз чинија за сервирање. Оставете ја кората да се лади во фрижидер додека го растопите чоколадото: 100 г чоколадо со 30 мл млеко растопете на тивок оган, а потоа прелијте го врз кората. Вратете ја кората во фрижидер додека го приготвувате филот.

За фил: Жолчките ставете ги во посебен сад, додадете 2 ванилин шеќери и 13 лажици шеќер. Додадете 150 мл млеко (од она 1 литар) и 3 кесички пудинг од ванила, па убаво со жица изматете да нема грутчиња. Остатокот од млекото ставете го на оган, па откако ќе зоврие додадете ја разматената смеса и варете со постојано мешање додека да се згусне.

Сварениот пудинг поделете го на два дела, а во едниот дел ставете 200 г чоколадо искршено на коцки и промешајте за да се растопи. Двата фила (ванила и чоколаден) оставете ги да се оладат со повремено мешање. Путерот пенасто изматете го и поделете го на 2 дела:

Едната половина ставете ја во жолтиот фил, а втората половина во чоколадниот фил. Во жолтиот фил додадете уште и мелени лешници и плазма. Двете креми добро изработете ги со миксер. Филување: Врз кората рамномерно распоредете го жолтиот фил и убаво израмнете, а врз него чоколадниот фил.

Тортата вратете ја во фрижидер малку да се олади додека да се приготви глазурата: За глазура: на тивок оган ставете ги слатката павлака и чоколадото, колку тоа да се растопи и соедини со павлаката, но мора да се внимава да не проврие. Глазурата прелијте ја врз тортата. Пред послужување тортата изладете ја неколку часа во фрижидер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.