За мене овој колач е најубав, покрај тоа што е многу економичен и секој може да си го дозволи, јас го сакам поради тоа што ме потсетува на популарното „табла“ чоколадо кое во него содржи цели зрна ориз. Кога децата ми беа мали, постојано го купував, но сега не сум го видела одамна во продавници, па среќа што го пронајдов овој рецепт.




За да го подготвам колачот не ми треба повеќе од 10 минути, што е многу практично, а на маса веднаш имам десерт за во случај да ми се појават ненадејни гости пред врата. Главните состојки на рецептот сигурно ви се веќе познати, а количините може да ги прочитате во продолжение:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 180 г чоколадо, 1 лажица путер, 140 г експандиран ориз, 2 лажици Нутела, 120 г мед. ЗА ГЛАЗУРА: 180 г чоколадо, 1 лажица путер, 50 мл слатка павлака. Големина на плехот кој што се користи е 25 x 21 см.




ПОСТАПКА: За да го подготвите овој колач најпрво земете 180 г чоколадо за готвење и растопете го со 1 лажица путер. Чоколадната смеса растопете ја на пареа или директно на рингла, а потоа ставете ја на страна малку да се олади.




Експандиран ориз можете да најдете во речиси секоја поголема продавница, а за овој рецепт ќе ви бидат потребни приближно 140 грама.




Во оризот додајте ја чоколадната глазура која треба да биде изладена и измешајте додека сите зрна се натопат во чоколадото. Потоа додајте 2 лажици нутела и уште 120 г мед и измешајте додека сите состојки да се инкорпориаат меѓу себе.




Смесата излејте ја во калап со димензии 25х21 см и рамномерно распоредете ја. Колачот ставете го во фрижифер за да се стегне, за што ќе биде потребно минимум 2 часа. По изминатото време направете ја глазурата на следниот начин:




На пареа растопете 180 г чоколадо, 1 лажица путер и 50 мл слатка павлака. Кога ќе ја растопите, целата глазура излејте ја врз колачот и вратете на кратко во фрижидер за чоколадото да се стегне. Колачот послужете го со сечење на ситни коцки, па така нема да имате потреба од декорирање бидејќи оризовите зрна ќе ви ја завршат работата. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.