Home Рецепти Колач со ореви и пудинг – мора да земете уште едно парче

Колач со ореви и пудинг – мора да земете уште едно парче

Се топи во уста!

Потребни состојки:

5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
5 лажици мелени ореви
1 прашок за печиво

Прелив:

300 г шеќер
500 мл вода

Фил:

3 пудинг од ванила
1 литар млеко
250 г путер/маргарин

За декорација:

2 шлаг крем од ванила

Постапка:

Од наведените состојки направете ја кората: прво изматете ги белките, додадете шеќер, матете уште малку, па потоа додадете жолчки и продолжете со матење.

Кога сето е добро изматено, додадете брашно измешано со прашок за печиво и ореви. Мешајте со лажица. Испечете кора.

Печената кора натопете ја со претходно приготвениот и изладен прелив.

<

Во меѓувреме сварете го пудингот според упатството, па во изладениот пудинг додадете пенесто изматен путер. Филот ставете го врз изладениот колач.

Одозгора декорирајте со шлаг или со мелени ореви.

recepti.com