Мек е како пена, колач од разно овошје и малку ореви ако имате, тоа е мојата тајна состојка која ја додавам во крофни и колачи. Ништо повеќе не ви е потребно.

Потребни состојки:

6 јајца
200 г шеќер
2 ванилин шеќер
10 лажици млеко
10 лажици масло
10 лажици брашно
1 прашок за печиво
2 раце ореви, мелени или исечкани – може и без ореви
околу 600 г овошје (комбинирајте какво сакате)
шеќер во прав за наросување кога е готов колачот

Постапка:

Овошјето убаво измијте го и ситно исечкајте (праски и кајсии), а бобинките се ставаат цели (вишни, цреши, малини, боровинки…).

Тепсијата со димензии 30х22 см намастете ја со малку масло и набрашнете ја. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.

Изматете со миксер цели 6 јајца, а потоа постепено започнете да додавате 200 г шеќер и 2 кесички ванилин шеќер. Матете додека да добиете бела, густа, пенлива смеса.

Додадете 10 лажици млеко, 10 лажици масло и промешајте со лажица, па постепено додадете 10 лажици брашно. Полека промешајте за да остане смесата пенлива. На крај додадете и кесичка прашок за печиво и две раце сечкани или мелени ореви. Промешајте вниматело и смесата излејте ја во приготвената тепсија.

Одозгора рамномерно распоредете го сечканото овошје и ставете го колачот да се пече. После 5 минути намалете ја температурата на 180 степени. Колачот печете го 40 минути и проверете со чепкалка. Колачот оставете го да излади, па исечете го на коцки и одозгора наросете шеќер во прав. Деталите можете да ги погледнете во видеото: