Фотографија и рецепт на Марика Стаменковиќ. Потребни состојки: 4 јајца, 250 г шеќер, 150 мл вода, 150 мл масло, 250 г остро брашно, 1 прашок за печиво и 2 лажици какао. За фил: 800-900 мл млеко, 250 г шеќер, 2 пудинг од ванила или по ваш вкус, 1 путер (200-250 г) и 1 чоколадо

Постапка: Изматете 4 жолчки со 250 г шеќер (може и помалку, по вкус), па потоа додадете 150 мл вода, 150 мл масло, па 250 г остро брашно и 1 прашок за печиво. Посебно изматете ги белките во цврст снег и полека со лажица промешајте ги во смесата со жолчки.

Смесата поделете ја на два дела, а во едната додадете 2 лажици како во прав. Двете теста испечете ги во загреана рерна на околу 180-200 степени, во ребраста модла за срнечки грб која претходно сте ја намастиле и набрашниле.

Кога корите ќе изладат, исечете ги хоризонтално, така да добиете вкупно четири или 6 кори, зависно колу тенко ќе ги сечете.

За фил: во 800 мл млеко додадете 250 г шеќер (може и помалку, по вкус) и ставете на оган, а потоа додадете 2 пудинзи разматени во малку млеко и варете со постојано мешање додека да згусне. Кога ќе излади додадете 1 путер изматен со миксер.

Редење: жолта кора-фил-кафеава кора-фил-жолта кора-фил и се така додека да се потроши материјалот. Со истиот фил се премачкува целиот колач одозгора и се прелива со растопено чоколадо. Пред послужување треба добро да излади во фрижидер.

Фотографија и рецепт на Марика Стаменковиќ