Овој вкусен колач со џем и без јајца е готов за кратко време. Кога ви се јаде нешто вкусно, кремасто, а немате јајца во домот, сетете се на рецептот на Марија. Многу е вкусен, излегува многу од колачот и може да го направите во секое време. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – рецепт 1: 200 г шеќер во прав, 4 лажици џем по ваш вкус, 250 г мазно брашно, 1,5 лажици какао во прав, 2 лажички сода бикарбона, 1/2 л млеко, 2 лажици масло, 2 кесички ванилин шеќер. ЗА КРЕМОТ: 1/2 л млеко, 5 лажици пченично брашнo, 150 г шеќер во прав, 250 г маргарин.

(втор рецепт) ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 200 мл млеко, 200 мл масло, 200 г пченичен гриз, 200 г шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер, 200 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 200 г џем од кајсија, шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Шеќерот, џемот, брашното, какаото и сода бикарбоната се мешаат со млекото, маслото и ванилата. Смесата се меша додека да нема грутки, а потоа се поделува на три еднакви делови.




Секоја кора се пече на подмачкана и набрашнета тава многу кратко, бидејќи тие се тенки, па користете умерена температура (180 степени). По печењето, корите се оставаат малку да се оладат на плехот околу 2-3 минути, па се вадат од него.




ЗА КРЕМОТ: Млекото, брашното и шеќерот се мешаат во тенџере на рингла за да направите крем густ како пудинг. Во изладениот крем додајте го изматениот маргарин и сè убаво измешајте. Потоа корите се премачкуваат со филот помеѓу, а се остава уште малку крем за да се премачка одозгора врз тортата.




Тортата декорирајте ја по ваша желба со рендано чоколадо или нешто по ваш избор. Предлог за побогат крем: По желба во кремот може да се додадат банана, лимон или други вкусови. Не го пропуштајте ниту вториот рецепт:







ПОСТАПКА ЗА РЕЦЕПТ 2: Најпрво подгответе ја рерната да се загрее на 180 степени. За тепсија користете каква имате и според количината одредете во која тепсија ќе го печете колачот Доколку го печете во помала тепсија, колачот ќе биде подебел и потребно е подолго време да се испече целосно. Да не должиме и да започнеме со подготовката. Скршете ги трите јајца во подлабок сад и изматете ги малку со жица.




Потоа додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер и повторно измешајте ги состојките. Доколку имате органска кора од лимон или портокал може да изрендате во подготвената смеса во сосем мала количина, но овој дел останува на вас. Кората од лимон или портокал ќе му даде на колачот свежина и цитрусен шмек и мирис.

Потребно е шеќерот само малку да се растопи со јајцата, а потоа додајте го млекото и повторно измешајте. Со секоја ставена состојка малку промешувајте, а потоа додавајте ја наредната. Додајте го маслото и гризот. Внимавајте смесата да е добро измешана и да нема грутки.

На крајот се додава брашното и прашокот за печиво и повторно се меша додека смесата се соедини добро, но повторно ве предупредуваме да бидете внимателни да не се направат грутки. Откога смесата е добро соединета, на крајот се додава џемот од кајсии и овојпат се меша подолго бидејќи ќе добиете потврда смеса.

Димензиите на мојата тепсија се 33×20 цм. Може да ставите хартија за печење, но јас секогаш ја премачкувам тепсијата со малку масло и наросувам малку брашно на подлогата и од страните на тепсијата. Смесата целосно се прелива во тепсијата и се распоредува еднакво низ целата површина.

Вака подготвениот колач се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Откога колачот ќе се испече, потребно е да биде мек и да изгледа сочен. Одозгора колачот се наросува со шеќер во прав, но може да направите прелив со топено чоколадо на пареа. Тоа го оставаме на вас, а ние најмногу го сакаме вака подготвен бидејќи има едноставен и неодолив вкус.

Колачот може да се јаде додека е сè уште топол, но преубав е и откога ќе се излади. Колачот стои 2 – 3 дена, доколку го чувате на собна температура добро покриен со кујнска или некоја друга крпа одозгора.

Но, верувајте колачот е толку многу вкусен што ќе се изеде во еден ден, а веќе утре може ќе направите уште една тура. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.