Колач 4 чаши – старински сочен колач, за 5 минути и без миксер, за кој не ви требаат ниту време ниту пари

Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ од “Кујната на Валентина Машковиќ” – Колач 4 чаши – старински, сочен, за 5 минути, без миксер – буквално и дете може да го направи. Доволно е еднаш да го направите, ќе се воодушевите од вкусот.

Ако сте љубител на овошјето и на брзите, едноставни колачи кои се топат во уста, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Особено доколку немате доволно време; Не ви е потребна ни вага, ни миксер, и буквално секој може да го направи додека сварите кафе.

Величината на чашата не е важна, но важно е да користите една иста чаша за мерење. Минимална е чашата од 200 мл која ја користите за пиење вода или пак јогуртна пластична чашка. За да го приготвите овој сочен, старински колач, ќе ви бидат потребни следните состојки:

1 чаша јогурт, 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 1 чаша гриз, 100 г путер растопен, 1 прашок за печиво, 2 ванилин шеќер, 1 лажица густин, 400 г овошје по ваша желба. Колачот се пече во плех со димензии 25х15 см или приближно, а се пече 25-30 минути на 180 степени.

ПОСТАПКА е следна: Во подлабок сад ставете една чаша брашно, додадете прашок за печиво и една лажица густин, па промешајте за да се изедначат состојките. Во мешавината може да додадете една мала кесичка капучино (1 лажица) или нешто по ваш вкус.

Во друг сад ставете една чаша јогурт (200 мл) и 100 г растопен и изладен путер или маргарин, 2 кесички ванилин шеќер, една чаша кристален шеќер и една чаша гриз. Убаво промешајте за да се растопи шеќерот и да се соединат состојките, за да добиете хомогена смеса.

Во оваа смеса започнете постепено да го додавате брашното со прашокот за печиво и капучиното. Мешајте со жица додека да добиете еднолична смеса. Откако ќе го додадете целото брашно и ќе ја изедначите смесата, можете да излеете во калапот за печење.

Помал плех со димензии приближно 25х15 см малку намастете го и обложете го со хартија за печење. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Две третини од смесата излејте во обложениот плех и убаво распоредете. Одозгора наредете 300-400 овошје по ваша желба, па преку овошјето излејте ја третината (преостаната) смеса.

Колачот ставете го во загреанат рерна и печете го околу 25-30 минути. Печениот колач оставете го да излади, па одозгора наросете го со шеќер во прав, а може и да прелиете со чоколадна глазура. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ.

Loading...