КОЛАЧ 4-3-2-1 Од јаболка каков што не сте пробале досега – Старинско чудо кое брзо се изедува

Совршен посен колач 4-3-2-1: Старинско чудо кое сите го сакаат. Рецепт и видео презентација на Валентина Машковиќ. Овој рецепт го најдов во стариот тефтер на мајка ми, каде пишува 4, 3, 2, 1.. и така се вика – бабино чудо.




Нема ништо поубаво од колач со ореви. Ова е е одличен рецепт, по сечиј вкус. Колачот е фантастичен, а и посен, па добро доаѓа во посните денови. Може да им послужи и на сите оние кои се алергични на јајца или млеко, а оние што не го поднесуваат глутенот, може да користат безглутенско брашно.




Потребни состојки: 4 поголеми јаболка, 3 чаши брашно (чаша од 200 мл), 2 чаши шеќер, 1 чаша масло, 2 лажички сода бикарбона, ½ лимон – сок, 4 лажички цимет, 1-2 раце сечкани ореви, џем за премачкување и ореви за наросување или шеќер во прав за наросување (по желба)




Постапка: Јаболката измијте ги, излупете ги и изрендајте ги од крупната страна на рендето. Не ги процедувајте, туку веднаш ставете ги во поголем сад каде ќе ја соедините смесата за колачот.




Додајте три чаши брашно, две чаши шеќер и една чаша масло. Сите намирници малку промешајте ги и додакте ги зачините: две лажички сода бикарбона и исцеден сок од половина лимон.




Рерната веќе во овој момент можете да ја вклучите да се загрева на 200 степени. Откако ќе го исцедите и лимонот, во смесата додајте 3-4 лажички цимет и две полни раце сечкани ореви.




Убаво промешајте за да се соединат сите состојки, а добиената смеса излјте ја во плех со димензии 25х35 см (може и во помал за да излезе повисок колачот), претходно малку намастен и обложен со хартија за печење.




Рамномерно распоредете ја смесата и израмнете ја на површината. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути. Проверете со чепкалка кога е готов колачот (ако излезе сува кога ќе го боцнете колачот, значи дека тој е добро печен).




Топлиот колач можете да го наросите со шеќер во прав или веднаш додека е топол да го премачкате со џем и да го наросите со сечкани ореви. Можете да го прелиете и со чоколадна глазура или со било што сакате по ваша желба. Колачот е превксуен и без ништо.




Потоа оставете го 15-тина минути да се подизлади, па сечете го и послужете го. Колачот е многу мек и сочен со преубав мирис на цимет, јаболка и ореви. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаНајвкусниот СОЛЕН РОЛАТ кој сум го пробала досега, запишете си го овој рецепт
Следна статијаСвечена бела чорба за слави и празници: редовно ја готвам и секогаш се тура уште по една чинија