Home посни колачи Кокосови гнезда без печење…Посна и мрсна верзија

Кокосови гнезда без печење…Посна и мрсна верзија

Овие декоративни кокосови гнезда се едни од оние десерти што се подготвуваат брзо, лесно и секогаш изгледаат впечатливо.

Без потреба од печење, со нежен вкус на бело чоколадо и кокос, совршени се и за посни и за мрсни трпези, пишува НМД. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

(за околу 25 колачиња)
• 200 мл вода
• 150 г шеќер
• 160 г путер или маргарин
• 100 г бело чоколадо
• 250 г мелени бисквити
• 120 г кокос
• 70 г чоколадо (за полнење)
• 2 лажици масло (за топење на чоколадото)
• НМД

Постапка:

1. Во тенџере ставете ја водата, шеќерот и путерот (или маргаринот). Загревајте на умерен оган додека состојките целосно се растопат.

2. Додајте го белото чоколадо и мешајте додека се растопи. Тргнете го тенџерето од оган.

3. Во топлата смеса додајте ги мелените бисквити и кокосот. Измешајте со лажица или шпатула додека смесата стане компактна и изедначена.

4. Оставете ја да се подизлади, па со лажица земајте од смесата и со дланките обликувајте топчиња.

5. Со прстот или со дршката од дрвена лажица направете мало вдлабнување во средината на секое топче.

6. Секое гнездо валкајте го во кокос за да добие убав изглед и текстура.

7. Стопете го чоколадото со маслото и внимателно наполнете ги вдлабнувањата на гнездата.

8. Оставете ги да се стегнат и послужете.

Овие кокосови гнезда се идеален избор за празнични трпези, слави или како брз десерт што секогаш импресионира.

Пријатно! ✨ Постапката можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: