КОКОС ТОПЧИЊА…Ги замесувам за 5, а ги печам за 20 минути…Вкусни се и после неколку дена…Најдолго што издржале се една недела, и тоа, ако ги скријам…Од оваа количина добивам 35 топчиња со големина на орев. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца
1 чаша шеќер (од 200 мл)
5 супени лажици масло
неколку капки лимон
350 г кокос
1 ванилин шеќер

ПОСТАПКА:

Пенасто се матат јајцата со шеќерот и ванилата додека да се растопи, па се додаваат останатите состојки и се замесува тесто.

Се остава 10-тина минути (може и веднаш да се работи), па се обликуваат топчиња, се редат во плех обложен со хартија и се печат околу 20 минути во загреана рерна на 150 степени. Рецепт и фото на Мариана Панталеева.