Многу често дома имаме проја за ручек. Ги научив и децата да ја сакаат и секое сабајле ме прашуваат кога ќе ја правам пак. Рецептот го добив од мајка ми, а таа го добила од некоја готвачка многу одамна.




Пројата излегува многу вкусна и доста е сочна. Ја јадеме со сиренце, јогурт, а понекогаш мачкаме и со ајвар, а сопругот некогаш знае да си земе и нешто сувомеснато. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 цели јајца, 1 мала лажичка сол, 400 мл јогурт, 100 мл масло, 250 г пченкарно брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 200-250 г тврдо сирење по ваш избор.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете 4 јајца со нормална големина. Ако јајцата ви се помали или поголеми може да додадете едно помалку или повеќе. Убаво измешајте ги со жица или маталка и потоа додајте 1 полна лажичка сол.




Сол сепак може да додадете по вкус, но на оваа количина излегува таман сол, не е премногу солено. Во садот додајте го јогуртот, а веднаш потоа и маслото и добро измешајте додека да се формира фина и еднолична смеса.




На крајот се додаваат брашното и прашокот за печиво преку сито, и состојките се соединуваат. Смесата треба да има конзистентност како смеса за палачинки. Настрана издробете околу 200-250 г тврдо сирење и додајте го во смесата.




Убаво измешајте додека сирењето се подели на сите страни, да не остане залепено само на едно место. Во огноотпорен сад премачкајте со масло на дното и по страните, а потоа наросете подебел слој на пченкарно брашно.




Пројата се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40 минути додека фати коричка одозгора. Кога ќе се испече оставете малку да се подизлади, а потоа исечете на коцки. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.