Алкохол не смее да се пие најмалку две седмици пред вакцинацијата.

Москва – Оние кои ќе ја примат руската вакцина Спутник V против kopoна вирус, ќе мора два месеци да се воздржуваат од алкохол, изјави шефицата на руската служба за заштита на потрошувачите и надзор Роспотребнадзор Ана Попова.

“Консумирањето на алкохол мора да престане најмалку две седмици пред имунизацијата, а оние кои ќе ја примат првата доза, мораат да се воздржуваат од алкохол во следните 42 дена”, изјави Попова за Радио Космолскаја правда, пренесува Танјуг.

Попова ги советуваше граѓаните да се воздржуваат и од пушење пред и после вакцинацијата, предупредувајќи дека димот од цигарите ги иритира белите дробови и го намалува имунолошкиот одговор.

После предупредувањето на Попова, се огласи Александар Гинсберг, шеф на државниот истражувачки центар Гамалеј, кој го разви Спутник V.

Гинсберг рече дека иако не треба да се ужива во алкохолот пред и после вакцинацијата, “една чаша шампањ никому никогаш не му наштетила”, наведува Москов тајмс.

Руската акција за вакцинирање започна минатиот викенд во Москва, а досега, според процените, околу 100.000 Руси ја примиле Спутник %, вклучително и учесниците на тестирањето и припадниците на војската.