Стрес и пот

Една од најголемите причини за непријатен мирис е дефинитивно стресот. Секое стресна ситуација предизвикува анксиозност, но исто така и производство на кортизол – хормон на стрес кој предизвикува потење.

Потта во суштина не мириса, но кога ќе дојде во допир со бактериите од кожата, почнува да се шири непријатна миризба.

Непријатен здив

За овој проблем ретко се зборува, но лошиот здив е многу чест проблем. Најлошо е што самите ние сме навикнати на тој мирис и не го чувствуваме, па затоа, нашиот партнер, мора да ни каже за непријатниот мирис од устата.

Причините се многу и различни – воспалени непца, расипани заби, неправилна исхрана, недијагностициран дијабетес, воспаление на синусите, заболување на црниот дроб како и несоодветна хигиена усната празнина. Ако лошиот здив трае подолго, треба да се оди на лекар.

Таблети

Некои таблети, вклучувајќи апчиња за контрацепција, може да бидат одговорни за лошиот мирис. Интензивен непријатен мирис на телото, понекогаш предизвикуваат и лековите, и не редко дека таблетите предизвикуваат сува уста и производство на лош здив.

Обично таквите нус појави се евидентирани на листата за несакани ефекти, поврзани со лекот.

Варење

Кога се зборува за лошата дигестија и мирисите, не се мисли веднаш на гасовите, иако и тие, исто така се честа појава.

Имено,доколку состојбата на мрзливи црева и запек, трае подолго од три дена, токсините почнуваат да се ослободуваат од телото, преку порите на кожата, а тоа создава непријатна миризба, која е тешко да се утврди од каде доаѓа. Овој мирис може да биде многу интензивен.

Според многумина, најголема поврзаност лошиот мирис има со храната, но не само храната што ја јадеме, туку?

Храна

Некои луѓе мириисаат поради храната која ја подготвуваат и јадат дома. Им мириса облеката, мебелот и се останато. Тие луѓе не се ни свесни за мирисот, бидејќи се навикнати на него, но тоа го забележува околината.

Уринарни инфекции

Бидејќи бактериите најчесто предизвикуваат уринарна инфекција, мирисот се излачува преку порите. Поради страв од болка при мокрењето, многу луѓе ја задржуваат урината, а потоа течноста се излачува преку кожата и предизвикува многу специфичен мирис.

Дезодоранси

Парфемите и дезодорансите кои ги аплицираме во надеж дека ќе ги прикријат непријатните мириси, можат да предизвикаат и спротивен ефект. Некои дезодоранси содржат супстанции кои ги хранат бактериите на кожата, и така мирисот е уште поголем.

Експертите велат дека најдобро е што почесто да се одржува личната хигиена и евентуално да се користи раствор од сода бикарбона. Така, нема да се затворат порите од кожата.

Месо

Дигестивниот систем на некои луѓе не е дизајниран за да може вистински да се справи со месото, со неговото правилно варење.. Вегетаријанците често велат, дека луѓето кои јадат месо имаат специфичен мирис!