Кога внуците ќе побараат банички од бабата – таа веднаш се фаќа за сукалото!

Драги мои, вчера моите срцушки од Баба побараа банички. И, се разбира баба веднаш го фати сукалото во рака, зошто нивната желба е заповед за мене!

Фото и рецепт: Родна Трпеска

Потребни состојки:

300 мл млака млеко
200 мл млака вода
1 лажиче сол
1 јајце
800 г брашно по потреба +-

Постапка:

Во влажните состојки постепено се додава брашното по потреба и се замесува средно меко тесто. Бидејќи тестото не содржи квасец, нема потреба од киснење и одморање, туку веднаш се се формираат 15 топчиња.

Loading...

Секое топче се сучи колку може потенко, а кората се прска со масло, се реди фил по желба и се витка во баничка.

Банички (Фото и рецепт: Родна Трпеска)

Формираните банички веднаш се ставаат да се печат на 200 степени или според вашата рерна, додека да се вцрват убаво. Пред крај се вадат и се прскаат со зовриена вода помешана со масло, па се враќаат во рерна да се допечат уште 5 минути.

Да нема забуни – тестото е без квасец!

Овој рецепт е особено погоден за сите млади мајки кои немаат време да киснат тесто со часови, туку веднаш ги прават баничките и ги печат.

Банички (Фото и рецепт: Родна Трпеска)

Банички (Фото и рецепт: Родна Трпеска)

Loading...