Рецепт и видео прилог на “Совршено Прибежиште” The Perfect Refuge – Брза торта. Брза, кремаста и многу вкусна торта. Се приготвува со готови теста, а кремот е толку нежен и свиленкаст… Вашите гости ќе бидат воодушевени кога ќе им ја послужите оваа торта.

Потребни состојки: 2 кори готово тесто (лиснато), 500 мл млеко, 4 жолчки, 50 г брашно, 100 г шеќер, 250 г маскарпоне (или друго крем сирење), ванила по вкус (1 кесичка), калап со обрач 22 см

Постапка: Во едно тенџере ставете 4 жолчки, 100 г шеќер, 1 ванила шеќер, 50 г брашно и 500 мл млеко (може и соино или друго растително млеко). Измешајте со маталака да нема грутчиња.

Смесата ставете ја на тивок оган и доведете до вриење со постојано мешање. Варете го кремот додека да згусне, околу 2 минути. Лиснатото тесто исечете го според големината на обрачот (двете кори), а едната кора исечете ја на коцки и одозгора премачкајте ја со вода и наросете шеќер.

Парчињата малку разделете ги едно од друго за да можат подобро да се испечат (врз хартија на плех) во загреана рерна на 170 степени, околу 15 минути, ако ги ставете двете кори да се печат одеднаш (или на 180 степени ако ги печете една по друга). Печените кори оставете ги да изладат.

Ви изладениот крем додадете 250 г маскарпоне и измиксајте додека да се изедначи филот. Во калапот ставете ја едната целосна кора, па рамномерно распоредете го филот, а одозгора наредете ги печените парчиња. Оставете во фрижидер да излади тортата, па наросете шеќер во прав и послужете. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: