Сите го сакаме пилешкото, но сите знаеме дека доколку се превари или препржи може да биде многу суво. Сега ќе ви покажам како го подготвувам јас, а после ова и вие ќе го практикувате овој метод. Кога првпат го практикував методот на натопување на пилешкото во јогурт, маж ми ми се смееше и ми рече дека е глyпост, а потоа рече дека поубаво месо не јадел во животот.




Тајната на сочноста е само 1 состојка. Ова може да го практикувате и со шницли од свинско или јунешко месо, а за возврат добивате сочно месо. Јас моментално правам пилешко филе, месо околу 1 кг, но може да си земете колку сакате.

Ставете еден по еден стек во поголем сад и зачинете по вкус. Од зачини користам: сол, црн пипер, рузмарин и малку вегета. Тајната состојка е во зачинетото месо да ставите jогурт кој треба да отстои заедно со стековите.




Јогуртот треба да го прелие месото (најдобро е да го ставите во некој пластичен или стаклен сад), а потоа се остава да отстои преку ноќ во фрижидер за да го прими јогуротот. Многумина не го знаат ова, но јогуртот ја извлекува маснотијата и го омекнува, му дава сочност.




Потопувањето на пилешкото или друго месо во joгурт го прави месото меко. Додека посуровите киселини како сок од лимон или оцет можат дополнително да го омекнат, тие исто така можат и да го исушат месото. Но, натопувањето на пилешкото во јогурт му помага на пилешкото да остане сочно додека истовремено го омекнува месото.




Ако немате јогурт при рака, користете млеко како супститут и додајте 1 лажичка сок од лимон или оцет по чаша млеко. Ова е одлична замена за јогуртот. Пилешкото треба најмалку да стои во јогуртот најмалку 8 часа, но можете да го оставите до 24 часа. Бидете сигурни дека пилешкото е во стаклен сад и е покриено, а потоа оставете го пилешкото да се маринира во фрижидер.




На овој начин повеќе нема да ви биде суво и жилаво. По отстојување, месото се премачкува со сенф, па се похува со брашно, презла и јајце. Прво се валка во брашно, па во презла и се пржи во претходно загреано масло.




Прочитајте и следново: Пилешкото месо е здраво, но овој дел никако не смеете да го јадете – му ште-ти на организмот повеќе од масната кожа. Пилешкото бело месо треба да го јадете во нормални количини бидејќи изобилува со протеини и здрави масти.




Но сите делови од белото месо не се подеднакво здрави, а особено овие три треба да ги одбегнувате. Кардиолозите и нутриционистите веќе подолго време препорачуваат да не се јаде кожата и мрсниот дел од пилешкото.




Пилешкото месо е одличен извор на влакна и колаген, но овој дел, односно кожата на пилешкото месо не изобилува со колaген, напротив со штeтни матеpии. Покрај тоа голем број на бактерии се присутни во кожата на пилешкото месо.