Се сеќавате ли на оние вкусни супи што ги правеа нашите баби кои заносно испаруваа во кујната додека се послужуваа во специјални чинии, а во нив примамливо пливаа гриз-кнедлите. Денес ретко кој ги прави, а многумина имаат и проблем со глутенот.

Вкусните кнедли можете да ги направите без глутен, за сите оние кои имаат проблем со дигестивниот систем или едноставно го одбегнуваат. Многу се вкусни, нараснуваат огромни при варењето и многу лесно и брзо се прават.




Домаќинската супа не можеме да ја замислиме без кнедли, а нив можете да ги додавате во било кое вариво или гулаш, наместо компири или тестенини. Но, постојат луѓе кои се алергични на глутенот и мора да внимаваат на исхраната.




Секако, кнедлите се приготвуваат со гриз, меѓутоа чувствителните лица мора да го одбегнуваат. За среќа, искусните домаќинки гризот го заменуваат со пченкарно брашно, а во поново време во продавниците за здрава храна може да се најдат голем избор на безглутенски брашна. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 мл масло, 1 јајце, половина лажичка прашок за печиво, 7 лажички пченкарно брашно

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша безглутенско брашно (или по потреба), 1/2 лажичка сол, 1 1/2 лажичка прашок за печиво, 1/4 лажичка сода бикарбона, 1/2 чаша обично или кокосово млеко, 6 лажици растопен путер и 1 јајце




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во една шолја за чај ставете еден прст масло, 1 јајце и прашок за печиво „на врв нож“. Изматете со виљушка сето да стане пенасто, па додајте седум лажички ситно пченкарно брашно и добро изматете.




Треба да добиете густина на сладолед, на пример, меко под виљушката, но не треба да тече кога ќе ја наведнете шолјата. Во супата која лесно струи и сè уште врие на намален оган, спуштајте ги малите кнедлички.




Црпете од смесата со малата лажичка со која треба само по малку да зафаќате (една третина), па спуштајте ги во супата. Треба да добиете преку 20 кнедли. Тие пораснуваат со варењето. Внимателно промешајте ги неколкупати и продолжете со готвењето уште 10-15 минути, па исклучете го огнот.




Ставете го капакот, но малку подотворен за да не претекува. За неколку минути сите кнедли ќе паднат на дното, а потоа ќе нараснат со величина на супена лажица што значи дека се готови. И за вториот рецепт постапката е многу слична:




ПОСТАПКА за рецепт 2: Во брашното додајте ја солта и промешајте. Направете бунарче во средината па тука додајте го растопениот путер, јајцето, млекото и прашокот за печиво, како и содата, па добро измешајте додека да добиете компактно густо и влажно тесто.




На ист начин како и во претходниот рецепт, црпете со лажица и спуштајте во супата. Гответе уште 15-тина минути, па послужете ја топла. Деталите од целата постапка за подготвување на супата и кнедлите можете да ги погледнете ОВДЕ.