КИСЕЛО МЛЕКО ЗА 1 МИНУТА…Се подготвува со смокви и многу е вкусно…Тој што пробал, знае…Ова е многу стар овчарски рецепт со кој брзо и на едноставен начин се приготвувал вкусен оброк.

Во овој рецепт се користи козјо млеко, но истиот рецепт може да се примени и за секој друг вид на млеко. Она што е потребно, е да се загрее млекото на 40 степени.

Ако претходно не било сварено, прво сварете го сировото млеко и оставете да се олади до 40 степени. Како стартер во овој случај се користат зелени смокви, свежо набрани, од кои тече бела течност т.н. „смоквино млеко“.

Порано во шумите и падините на планините често можеле да се сретнат диви смокви, така што, правењето на кисело млеко било изводливо речиси секаде.

Значи, штом млекото се замлачи на 40 степени, додајте 3-4 свежо потсечени смокви од кои истекува млеко. Мешајте непрекинато 30 секунди со лажица или најдобро со потсечено смоквино гранче.

Оставете да отстои 1 минута, отстранете ги смоквите и веќе киселото млеко можете да го јадете со лажица. Видеото со подготовката можете да го погледнете ОВДЕ.

https://www.facebook.com/share/r/1S8Jc4BR6X/?mibextid=UalRPS