Кисели краставички во тегла за зима без конзерванси…Најдобар вкус, остануваат цврсти и крцкави до следната сезона…

Рецептот по кој ги киселам повеќе од десет години. Вистинскиот вкус што го сакаме. Пробајте го рецептот и уживајте на зимо во вкусна зимница.

Краставичките прво измијте ги во вода, а потоа секоја истријте ја со сунѓер за да се отстранат сите нечистотии.

Потоа измијте ги уште еднаш со додавање сода бикарбона (1-2 лажици), оставете ги во оваа вода со сода 5-10 минути и потоа исплакнете.

Јас користам тегли од 720 мл, а една тегла собира околу 400 г краставици.

Поголемите прво ги редам по должина, па помалите, слободно туркајте ги што е можно повеќе и слободно притискајте.

За 7 кг краставици ќе ви биде потребно:

– 3 литри вода
– 1,5 литри бел оцет (алкохолен 9%, можете да користите и јаболков оцет, но од него ставете повеќе)
– 120 г сол
– 200 – 220 г шеќер (некои луѓе сакаат послатки краставички, па слободно прилагодете според вашиот вкус).

Зачини:
– китка копар (може и сува билка)
– половина китка листови од магдонос или целер
– 15 г зрна синап (распоредете по малку во секоја тегла)
– зрна црн пипер (колку што сакате)
– можете да ставите ловоров лист (јас никогаш не го ставам)

Измешајте вода, оцет, шеќер и сол.

Зачините во секоја тегла ставете ги врз краставиците, прелијте ги со сирупот, цврсто затворете ги теглите и наредете ги во тенџере со крпа на дното.

Дотурете вода на ниво малку под капакот и варете од моментот на вриење, десет минути. Извадете ги теглите и превртете ги наопаку, оставете ги да се изладат, па свртете ги нормално. Постапката погледнете ја ОВДЕ: