Кифлички со џем од јагоди и чоколадо за појадок или за нашето попладневно кафе! Рецепт и фото на Радка Димитрова. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг брашно
5 јајца
500 мл млако млеко
6-8 лажици шеќер
150 мл масло
1 ванилин шеќер
15 г сув квасец
ПОСТАПКА:
Се раствораат квасецот и шеќерот во млако млеко, се вмешуваат јајцата и маслото, па со постепено додавање на брашното се замесува фино, меко и нелепливо тесто.
Се покрива и се остава да ферментира додека да го зголеми волуменот. Потоа поделете го на 3 топки.
Развлечете кори со дебелина приближно 0.5 см, сечете ги на триаголници (по 8) и филувајте ги со џем или нутела (чоколадо) на пошироката страна. На острата страна од триаголникот направете два внатрешни засеци.
При виткањето започнете од пошироката страна и преклопете од страните за да не ситекува филот, па валајте кон остриот агол. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да нараснат.
Премачкјате ги со жолчка помешана со лажичка млеко и одозгора посипете ги со шеќер. Печете ги во загреана рерна на 170 степени додека убаво да заруменат.