КЕКС КУГЛОФ со неверојатен вкус…Порано го правев со газирана вода, а сега со газиран сок (фанта) и има неповторлив вкус! Рецепт на Ана Гатева. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):
5 јајца
2 чајни чаши шеќер
1/2 чајна чаша масло
1 чајна чаша Фанта или друг портокалов газиран сок
1 прашок за печиво
3 чајни чаши брашно
2 ванилин шеќер
3 супени лажици какао во прав
ПОСТАПКА:
Прво ги матам јајцата околу 2…3 минути, па го додавам шеќерот и матам околу 5 минути. Ги додавам маслото, фантата, ванилата и брашното со прашокот за печиво.
Мешам до хомогена смеса. Смесата ја делам на два дела, а во едното го ставам какаото да стане кафеава целата смеса.
Исеков пластично шише малку под средината, користејќи го дното на шишето. Калапот за куглоф намачкајте го со масло/путер и посипете го со брашно и во средината поставете го шишето.
Ја истурам прво белата па кафеавата смеса и така наизменично ги менувам додека да ги потрошам двете смеси.
Вака го добивате овој ефект со шарите. Јас печев со вклучен горен и долен грејач (без вентилатор) на 180 степени додека да зарумени и дрвената чепкалка да излезе сува при проверка.
Шарен куглоф – Со едноставна постапка направете го овој вкусен и убав колач