Ќе ви откријам пекарска тајна за лиснати погачици-СИТЕ ЌЕ МИСЛАТ ДЕКА СТЕ ГИ КУПИЛЕ ОД ПЕКАРНИЦА. Рецепт на Валентина Машковиќ. Валентина постојано на својот канал споделува старински рецепти кои ни го одбележале детството и младоста.

Пред неколку дена таа на својот канал сподели еден интересен рецепт за лиснати погачици кои имаат вкус како од пекарница. Може да ги полните со сирење или урда, но и празни се подеднакво вкусни. Покрај тоа, од оваа количина се добива големо тесто па може да правите комбинирано, и празни и филувани-како што е прикажано на видеото.

,,Многумина од вас не знаат дека бев пекар пред 30 години, па ми пишуваат во коментари дека тестото ми оди од рака. Само се смеам на таквите коментари бидејќи низ раце ми поминале тони брашно, ама буквално.

Верувам дека многумина од вас ќе можат да ги направат овие лиснати погачици затоа што јас го приспособив рецептот за домашна подготовка. И да не зборуваме за вкусот, нема кој ги пробал без да му се допаднат. Некои погачици се полнети со сирење, а некои се празни, а вие одлучете сами кои ќе ги подготвите.” – вели Валентина.

Потребни состојки: 1 чаша јогурт, 1 чаша вода, 1/2 чаша масло (100 мл), 1 јајце + 1 жолчка за премачкување, 30 г квасец, 1 лажичка шеќер, 2 лажички сол, 300 г маргарин/путер, 100 г сирење, 800 г брашно + 100 г. Чашата е од 200 мл, класична.

Постапка: Во подлабок сад се соединуваат сите состојки за формирање на тестото. Прво се става јогуртот, водата која може да биде млака или отстојана на собна температура. Се промешува, па се додава 1 јајце и 1 лажичка шеќер.

Додајте го маслото, квасецот, сол и постепено додавајте го брашното и соединувајте со жица-маталка за соединување. Мешајте со маталката додека можете, а кога ќе се формира тесто, преминете на замесување со раце. Тестото треба да биде со средна црвстина.

Тестото се префрла на набрашнета рамна површина и се меси уште 5 минути, подетално во видеото подолу може да видите како изгледа и во која цврстина е замесено. Потоа малку намастете ја површината на која работите и уште малку премесете го тестото додека се намасти од маслото.

Тестото поделете го на 12 еднакви делови и од секој дел формирајте топче. Топчињата се оставаат да стасаат на парно или на нешто топло, 10-15 минути, а потоа се сплескуваат во круг, односно се истенчуваат.

Секој круг се премачкува со путер/маргарин на средина и се спојуваат по 6. Значи добивате 2 кори за тесто. Потоа подеднакво ги работите и двете кори. На намастена рамна површина со оклагија го развлекувате првото тесто во правоаголник.

Го премачкувате тестото со маргарин и го „диплите“ како на видеото за на крајот да добиете подебел квадрат. Значи правоаголникот се витка прво по страните, и тие се премачкуваат со маргарин, па по должина и се добива квадрат. Истата постапка ја применувате и за второто тесто.

Малку отстојаното тесто, односно тоа прво што го подготвивте го развлекувате со оклагија. Доколку тестото ви се лепи за оклагијата, наросете малку брашно и повторно развлечете правоаголник. Премачкајте го тестото со маргарин во тенок слој и потоа свиткајте го во ролат.

Сечете мали ролатчиња, отприлика околу 2 прста. Од секое ролатче правите вдлабнатина во отворениот дел и полните со сирење или урда. Потоа го затворате отворот и виткате како полутопче.

Погачиците редете ги во обложен плех со хартија за печење со простор од 2 цм помеѓу секоја, премачкајте ги со разматена жолчка и печете ги на 200 степени, 25 минути. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.