Секој има свои гастрономски преференции. Некој на пример не консумира шеќер, но умира по млеко. Ова е доста вообичаено, но дали некогаш сте помислиле дека сето тоа е некако поврзано и дека има своја причина?

Д-р Оливие Солиер ја разви теоријата дека изборот на преференци на храна воопшто не е случајно, туку доаѓа од нашата потсвест.

Ние ќе се обидеме некако да го доближиме неговото психолошко декодирање на гастрономските преференции. Можеби ќе се согласите со неговата анализа, а можеби и нема.

Преференции за вкус

Секој производ што го исклучуваме од исхраната има специфично симболично значење.  Односно, отфрлањето на производот се јавува на потсвесно ниво и е директно поврзано со нашите психолошки проблеми.  Ајде да видиме што тоа кажува за нас.

Вегетаријанство

Одбивањето месо на психолошко ниво значи дека сакате да избегате од сопствената агресија и од стравот од смртта.  Тоа е обид да се скриете од смртта.  На тој начин вегетаријанството покажува страв од агресија.  Вегетаријанството е опозит на агресијата и насилството. Меѓтоа, на потсвесно ниво, љубовта кон животните и омразата кон насилството и агресијата иако се природни емоции, на психолошко ниво означуваат потиснување на некои длабоки проблеми и затворање на очите пред нив. Д-р Оливие предлага трезвено гледање на работите и соочување со внатрешните конфликти и проблеми.

Одбивање на млеко

Млекото е прехранбен производ што прв го вкусуваме, веднаш по раѓањето.  Секој има суптилна врска со својата мајка, а откажувањето од млечни производи е потсвеста желба да се ослободи од контролата на мајката.  Истото важи и за шеќерот, затоа што во својата чиста форма е исто така симбол на мајката.
Ако некое лице го замени млекото со соино или друго растително млеко, а да не е тоа од здравствени причини, тогаш тоа според д-р Оливие сигнализира неподготвеност да го согледа проблемот.

Млеко за мама, леб за тато

Ако млекото нè испраќа на сликата на мајката, тогаш лебот – на ликот на таткото.  И тоа, не без причина, зошто сите патријархални цивилизации се формираат околу одгледување житни култури.  Одбивањето леб ја симболизира желбата да се средат односите со своите родители.  Ако има истовремено отфрлање на млеко и леб, тогаш ова покажува големи проблеми во односите со родителите.

Одбивање на зеленчук

Оваа диета беше многу популарна во 80-тите години.  Таа ја покажува големата улога на семејните конфликти во потеклото на болести.  Диететичарот кој сам ја развил оваа диета почина од рак на панкреас.  Токму овој начин на исхрана ги симболизира семејните односи и страдањата поврзани со недостаток на љубов во семејството.

Растително масло

Имаше уште една популарна диета пропишана од нутриционист Кузмин.  Таа предложи да се ограничи употребата на млеко и житарки, но во исто време да се конзумираат многу растителни масла.  Маслиновото масло во голема мера ја репродуцира структурата на мајчиното млеко. Д-р Солиер смета дека оваа диета/исхрана е соодветна за оние што сакаат да ги пронајдат своите корени и да остварат контакт со семејството.

Диети со протеини

Овие диети нè испраќаат до нашите прадедовци, носители на нашата меморија и емоции. Всушност, протеинските диети се потсвеста желба да се ослободиме од зависноста што нè повлекува назад.

Монодиети

Секоја моно диета нè насочува кон специфичен прехранбен производ.  Тука треба да погледнете кој производ е вашиот избор.  На пример, диета со грозје значи желба за изобилство.

Диета според крвна група

Ваквите диети се најпопуларни.  Ни укажуваат на темата крв и роднини. Оние што избираат диети според крвна група, бараат можност да ја зајакнат својата вера, да ги пронајдат своите корени и да научат нешто за нивното потекло. Покрај тоа, може да укажува и на тоа дека некој се обидува да пронајде нечиј идентитет.