Фотографија и рецепт на Тања Трајковска. Потребни состојки: 4 јајца, ½ прашок за печиво, 1 лажица сол, ½ шолја масло, 1 шолја кисело млеко, 9 лажици брашно, 2 моркови сварени и исечкани, 200 г шунка (или нешто по ваш вкус), 100 г сирење/кашкавал и магдонос, маслинки сечкани…

Постапка: Прво изматете ги јајцата, па додадете ги маслото и киселото млеко, па убаво промешајте. Потоа додадете ги исечканите намирници и брашното помешано со прашок за печиво. Посолете по вкус. Калапот за куглоф намастете го и набрашнете го, јас додавам и сусам.

Потоа излејте ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени и печете околу еден час или додека убаво да се испече. Проверете со игла за плетење дали е печен, а ако е потребно ставете одозгора хартија за да се допече убаво а не изгори горниот дел.

Штом забележете дека се одвојува од ѕидовите, обично е готова и треба да се извади за да не се препече и после да не е сува. Дозата е мала па слободно удвојте ги состојките. / Шарен куглоф (Фотографија и рецепт на Тања Трајковска)

Шарен куглоф (Фотографија и рецепт на Тања Трајковска)