Карамел торта со богат крем од карамел – многу едноставна подготовка!

Особено задоволство за љубителите на карамелот и на кремастите торти.

Потребни состојки:

11 белки
11 лажици шеќер
3 лажици презла
200 г мелени ореви
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
За премачкување на кората: 200 г нутела или:
200 г карамел лешник бонбони + 2 лажици млеко или по потреба

За фил:

11 жолчки
11 лажици шеќер
3 лажици густин
200 мл млеко
200 г црно чоколадо
250 г путер/маргарин

Постапка:

Бисквитите пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот. Во цврстиот снег од белки додадете презла (лебни трошки), ореви и прашок за печиво. Печете во голем плех, па кога ќе излади пресечете на половина за да добиете две кори.

Ако одлучите да премачкате со нутела – само премачкајте ја кората и толку. Ако одлучите да премачкате со карамел (подобра варијанта), тогаш бонбоните растопете ги со малку млеко на пареа, додека да добиете конзистенција на глазура.

За фил: жолчките измиксајте ги со шеќер, па додадете густин и смесата на тивко сварете ја во 200 мл млеко (на пареа или на многу тивко), па додадете чоколадо кое претходно сте го растопиле. Кога филот ќе згусне оставете да излади, па потоа додадете изматен путер и соединете.

Редење: кора, прелив, половина фил, кора, прелив, фил. Одозгора наросете со мелени ореви или ситно сечкани ореви/лешници.

Loading...