Kалинката ја чува простатата, забите и коските, ја стопира бактеријата Ешерихија коли…За калинката се вели дека е најдобриот пријател на мажите. Прочитајте подолу во текстот зошто е така.
Овој неверојатно корисен плод содржи уникатни состојки кои се одлични за здравјето на човекот.
Ослободува хормони на среќа со што го подобрува расположението, изобилува со витамин Ц, антиоксиданти за заштита на срцето, калиум и калциум за здравје на коските…
Постојат најмалку 5 причини зошто треба почесто да ја јадете калинката, еден од најздравите плодови на светот.
ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ
Еден плод калинка задоволува дури 16% од дневните потреби за витамин Ц. Затоа редовно се препорачува за јакнење на имунитетот, а посебно во зимскиот период, кога е сезона на настинки, вирози и грип.
ГО ШТИТИ СРЦЕТО
Во калинката се наоѓа антиоксидантот пуницалагин кој благотворно делува за здравјето на срцето и крвните садови.
Редовната консумација на овој плод го намалува крвниот притисок и го намалува нивото на лошиот холестерол во организмот.
ГО ПОДОБРУВА РАСПОЛОЖЕНИЕТО
Ако сакате да го промените расположението на подобро, јадете калинка. Ова овошје е полно со фитохемикалии кои поттикнуваат создавање на серотонин, хормон кој регулира бројни биолошки функции во телото, од телесна температура до апетит.
Кога е во рамнотежа, дава чувство на ментална опуштеност и задоволство.
ГИ ЧУВА ЗАБИТЕ И КОСКИТЕ
Калинката е богата со калиум , калциум, фосфор и железо, па се смета како голем чувар за здравјето на забите и одлична превенција од остеопороза.
ГО ПОДОБРУВА КВАЛИТЕТОТ НА СПЕРМАТА, СПРЕЧУВА ЕРЕКТИЛНА ДИСФУНКЦИЈА И ЈА ШТИТИ ПРОСТАТАТА
Докажано е дека екстрактот од калинка има и до 10 пати посилно дејство од самиот плод. Една чаша сок дневно, на пример, го подобрува квалитетот на спермата, ја намалува можноста од добивање на еректилна дисфункција и ја заштитува простатата.
Сокот од калинка е одличен сојузник за уништување на бактериите во организмот, како што се ешерихија коли и стафилококи.
Кората од калинка е природен лек против дијареа и цревни паразити (рецепт)