Неодоливи перничиња со нутела од кои ви течат лиги само што ги гледате, а дури кога ќе ги пробате, ќе заборавите и на воздржаност и на диета – просто ќе ве воодушеват!

Ако досега не сте ги пробале, веднаш направете ги и уживајте заедно со вашите најблиски.

Потребни состојки:

1 шолја брашно

1,5 лажица шеќер

½ лажичка прашок за печиво

¼ лажичка сол

2 јајца (одвојте ги белките од жолчките)

1 шолјичка млеко

2 лажици путер омекнат

малку масло за намастување на тавата

нутела

Постапка:

Ставете ги сувите состојки во еден сад, а во друг посебно жолчките, путерот и млекото. Потоа измашјте ги заедно и додадете снег од белки.

За овие перничиња потребна ви е тава со вдлабнатини како за суфле. Намастете со малку масло, па со лажица полнете ги калап;iwata со смесата.

Нутела кремот ставете го во кеса, па во секое перниче истиснете по малку крем. Печете ги на умерена температура додека убаво да заруменат.

Кога се печени извадете ги во чинија и послужете ги со шлаг или топка сладолед. Постапката за приготвување е многу сличен на палачинки, а уживањето е многу поголемо.

Ова се мали промено во начинот на приготвување кои многу значат, бидејќи добивате сосем поинаков десерт.