Јас вака го приготвувам доматот за зимно време, а го користам за ѓувеч, сатараш и сите други јадења во кои се става домат. Може да се користи и како салата.
Запиешете си го овој рецепт затоа што е најдобриот. Рецепт на Полимка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг домати, 2 лажици сол, 2 лажици шеќер, 1 китка магдонос, 1 китка целер
ПОСТАПКА: Излупете* ги доматите, исечете ги на парчиња, додајте сол, шеќер и ситно сечканиот магдонос и целер. Измешајте сè, ставете во тегли, притиснете со пластична лажица добро да се соедини.
Затворете ги теглите и пастеризирајте ги половина час: земете едно широко тенџере, ставете крпа на дното, наредете ги теглите да не се допираат и истурете вода во тенџерето 2 прста под капакот на теглата.
Ставете го на шпорет и загрејте го, не на силна, туку на средна температура и кога ќе зоврие оставете да се вари половина час на намалена температура (колку да струи) и оставете ги теглите да се изладат.
Или малку поедноставна пастеризација на овие домати: наредете ги теглите во сад (без вода), ставете ги во рерна вклучена на 100 степени и оставете ги да отстојат 2 часа, исклучете ја рерната и не ги вадете теглите додека да се изладат во рерната.
Вака подготвените домати може да се чуваат до две години без промена. Оние кои сакаат повеќе зачинето можат да стават една лута пиперка во теглите. Капаците мора да бидат нови, да се користат за прв пат.
*за полесно да ги излупите доматите, на секој плитко засечете крстче на задниот дел, па ставете ги кратко во врела вода, минутика, а потоа во ледено ладна вода.
Тенката лушпичка многу лесно ќе се извади. Следно прочитајте: „Густ сос од домати за зима – се прави лесно и брзо“ – ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.