Како се подготвува највкусното тавче – гравче

Гравот можете да го приготвите на различни начини, а вистинско уживање за сите љубители на оваа намирница е сигурно оној запечениот.

Запечениот грав е традиционално јадење со полн вкус и исклучително едноставен рецепт. Можете да го послужите како прилог со месо или како главно јадење со некоја салата.

​Рецепт од Бабината кујна.​

Потребни состојки:

500 г грав

Сол, магдонос, црвен мелен пипер, црн пипер, толчена пиперка, ловоров лист

1 главица лук

Масло

2 главици кромид

1 страк праз

1 зелена пиперка

зачин

Постапка:

Гравот добро измијте го. Налијте го со вода да биде покриен, гответе 5-6 минути, па фрлете ја првата вода. Налејте нова вода, па додадете зелена пиперка и ловоров лист. Ставете малку масло.​

Кога гравот ќе се зготви, оставете да врие водата додека да остане уште само малку. Испржете го кромидот и празот, па кога добро ќе се испржи додадете ги сите зачини, сечканиот лук и добро промешајте.

Прво ставете една третина од сварениот грав, па пржен кромид, па грав, па кромид, па грав. Малку протресете и оставете да се запече околу 30 минути на 250 степени. Послужете со салата.

Loading...